Маж влета на сцена среде концерт на Бритни Спирс

Концертот на поп принцезата Бритни Спирс во Лас Вегас беше прекинат, откако на сцената втрча маж. Обезбедувањето реагираше со молскавична брзина и мажот бил фрлен на под. 

img

- Има ли пиштол?, непрекинато прашувала преплашената Бритни, јави ТМЗ.

Пејачката била во шок, а концертот прекинат. Како што се заклучи подоцна, пиштолот сепак немало, а мажот кој влета на сцената бил 37-годишниот Џес Веб. Тој на концертот во Планет Холивуд, на почетокот се однесувал немирно, а кога обезбедувањето го замолило да се смири, тој влегол на сцената. 

Facebook impact:

Објавено петок, 11 август 2017 04:51:00
Напишано од Виолета