Од модна икона до жена без вкус: Критичарите ја нападнаа Северина

На нејзиното модно мени се најде и каиш со нитни, ретро очила и бели кратки чизми. На нив ќе застанеме бидејќи на модните критичари токму обувките им „бодат очи“.

img

Познатата пејачка позираше на снежните улици во Загреб.

Фотографиите потврдуваат дека Северина, која важеше за вистинска модна икона, се почесто прави сериозни модни киксови.

Таа ги следи светските трендови, но секогаш успева да претера во тоа.

Атрактивната пејачка се одлучи за урбана комбинација, искомбинирана со црни фармерки си висок струк, обична бела блуза и зимска јакна. На сето тоа додаде многу накит.

На нејзиното модно мени се најде и каиш со нитни, ретро очила и бели кратки чизми. На нив ќе застанеме бидејќи на модните критичари токму обувките им „бодат очи“.

-Која е причината некој да уништи тренди комбинација баш со вакви чевли? Добро, популарни се, ама на Северина се еден голем кикс. Чевлите сами по себе се чудни, а во оваа комбинација се речиси катастрофални, вели еден хрватски моден критичар.

Изминатиов период Северина многу често умее целиот свој добар изглед да го расипе со грди чевли. Критичарите постојано го коментираат тоа, но очигледно на пејачката воопшто не и е грижа.

 

 

Тагови:

Северина

Facebook impact:

Објавено среда, 14 февруари 2018 06:23:00
Напишано од емилија