Рада Манојловиќ виновна за разводот на Ана и Раста!?

Разводот на Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста ја потресе јавноста, па многумина се прашуваат кој е виновен за распадот на бакот. Една пејачка токму во тој период поминуваше многу време во студиото на Раста, па откри некои непознати детали.

img

Имено, се зборуваше за тоа дека Ана е љубоморна на пејачката со која соработува Раста, а една од нив била и Рада Манојловиќ.

-Бевме долго во студиото, но секој пат со нас беше и моето момче Харис Берковиќ, се огради веднаш Рада.

Пејачката потоа се осврна на љубовта на Николиќ и Ѓуриќ.

-Навистина тоа беше вистинска љубов. Кога нешто ќе те погоди како гром од ведро небо и кога ќе се спои нешто неспоиво, тогаш тоа е вистинска љубов. Мене тие ми беа совршена двојка, откри Рада во една емисија.

Facebook impact:

Објавено вторник, 14 ноември 2017 04:09:00
Напишано од Виолета