Роман Абрамович со својата луксузна јахта на хрватското приморје

Рускиот милјардер со својата луксузна јахта пристигна во Хрватска. Јахтата е богато опремена и за неговото крстарење тој потроши милиони евра само за гориво.

img

Јахтата има капацитет за 62 гости и 70 членови на екипажот, а се состои од базени, сауни, кино сали, фризерски салон, градинка, ресторани, клубови и болница.

Јахтата Еклипса кој е во сопствеништво на Роман Абрамович се наоѓа моментално на хрваткото приморје. За потребното гориво нарачано било 750.000 литри што е три четвртини од вкупниот капацитет во резервоарот за гориво. Тоа гориво ќе го чини милион евра. Супер долгата јахта од 163 метри вреди 340 милиони евра која Абрамович си ја поклони самиот себе за Новата 2010 година. Таа тежи 13.000 тони, широка е 21 метар и годишното одржување го чини 30 милиони евра.

 

Од додатна опрема има и два хеликоптери, подморница, ракетни радари, спасувачка опрема и многу други системи за безбедност.

Facebook impact:

Објавено вторник, 12 септември 2017 02:12:00
Напишано од емилија