Споменик на Меланија Трамп во Босна и Херцеговина

Првата дама на САД, Меланија Трамп следниот месец ќе добие свој споменик во босанскиот град Бања Лука, пишува „Сараево тајмс”.

img

Гипсената статуа на госпоѓа Трамп во природна големина, која е родена во Југославија, ќе биде откриена спроти зградата на фабриката за обувки „Бема” на 20 јуни годинава.

Иницијативата за нејзино поставување е на директорот на претпријатието. Неговата цел е, како што вели, да привлече внимание кон градот и да придонесе за подобрувањето на односите помеѓу Вашингтон и Сараево.

– Ние се надеваме во иднина од САД да добиме пријателство, наместо оние бомби што српскиот народ ги доби од Бил Клинтон, нагласил тој.

Неговата компанија и испрати и обувки од својата линија на американската прва дама, по повод изборот на Доналд Трамп за претседател.

Меланија Трамп е родена во 1970 во Словенија, која тогаш беше составен дел на СФР Југославија.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 15 мај 2017 08:34:00
Напишано од sasho