Здравко Чолиќ ги израдува обожавателите на Денот на вљубените

Здравко Чолиќ ги израдува обожавателите на Денот на вљубените. 66-годишниот пејач го објави спотот за новата песна „Kuća puna naroda“.

img

Видеозаписот е снимен во Дубровник и го претставува враќање на босанско-српскиот музичар во градот на изгубената љубов.

Покрај Здравко, во спотот се појавува и манекенката Тијана Саренац.

-Оваа песна за која текстот го напиша Џибони, а е наша прва соработка, асоцира на мене, на мојот отворен дух и алтруистички пристап кон луѓето. Со својот глас сакам да допрам до луѓето. Самиот текст кажува: „Животе мој, подари ми глас, со песните да ве прегрнам вас“, вели Чола за новата песна.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 14 февруари 2018 06:47:00
Напишано од емилија