10 причини зошто не сте богати

Претпоставувате дека се работи за недоволна количинa на пари која што ја заработувате, но не се во прашање количината на парите, туку начинот на кој се однесувате кон парите во секојдневниот живот.Ова се дел од причините поради кои најверојатно не сте богати:

 

1. Важно ви е што ќе кажат соседите – доколку се натпреварувате со соседите, ги фрлате своите тешко заработени пари на играчки со кои што ќе ги импресионирате другите - нов автомобил, нови столици за во двор... каде ли ви е крајот?

 

2. Невнимателни сте – си имате картичка, па си се задолжувате каде стигнете. Што ако сте во минус две плати, кога си имате нови чевли, долна облека, си бевте на фризер...

 

3. Имате лоши навики – Ако сте пушач и удрите математика колку од парите ви одат на цигари... истото важи и за коцкањето.

 

4. Немате цел - тешко е да се изгради богатство доколку не сте издвоиле време да размислите што всушност сакате. Ако не сте си поставиле цел, веројатно нема ниту да ја остварите. Мора да направите нешто повеќе од изјавата „Сакам да бидам милионер“. Направете си план за трошоците кои ви се очекувани и водете се според него.

 

5. Не сте подготвени – лошите работи повремено им се случуваат и на најдобрите, па ако не сте подготвени за такви работи (не сте осигурени, на пример) било кое богатство може да го снема за секунда.

 

6. Се обидувате да заработите на брзина – за повеќето претприемачи, богатството не доаѓа инстантно. Брзата заработка најмногу зависи од начинот на кој инвестирате, а тоа треба да биде добро промислено.

 

7. Се потпирате на другите – имате другар банкар па тој сега знае сè, и ви кажува што да правите, каде да вложувате. Пријателите решиле да играат на берза па ајде и вие. Не секој знае како да управува со парите.

 

8. Вложувате во работи кои не ги разбирате - си купивте телефон како на пријателот затоа што е во мода, си зедовте нов лаптоп, а воопшто и не знаете зошто. Уште и да купите стапови за голф иако не сте играле никогаш.

 

9. Се плашите од ризик - она што го имате ви стои на сметка, не ги вложувате никаде каде би можеле да добиете поголема камата, не штедите.

 

10. Ги игнорирате своите трошоци – имате став дека доколку доволно заработите, финансиите ќе се погрижат сами за себе. За жал, потребно е да планирате за да создадете богатство.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 07 јануари 2013 10:13:38
Напишано од admin


Последни вести