Ако еднаш сте го изневериле партнерот, ќе го направите тоа повторно! Еве ја причината

Луѓето кои ги изневериле своите партнери во минатото најверојатно повторно ќе ги изневерат - во споредба со оние кои отсекогаш биле и останале верни.

img

Научниците кои го објавија своето истражување во еден магазин, велат дека причината за ова е тоа што мозокот станува "отпорен" на негативни емоции, како на пример лажењето. 

Затоа, ако тој кој изневерува чувствува грижа на совест поради лажењето првиот пат, следниот пат ќе чувствува многу помалку, а секој нареден пат се помалку и помалку. 

"Сериозните прељубници честопати само првиот пат се чувствуваат лошо поради неверството, но после толку многу пати едноставно се навикнуваат на тоа чувство и повеќе не се ни чувствуваат лошо да ве изневеруваат", објаснува психијатар и ко-автор на студијата. 

Кога го изневеруваме партнерот, делот од нашиот мозок одговорен за емоции се активира и поради тоа можеме да чувствуваме срам или вина. Скенирањата на мозокот покажуваат дека тој со текот на времето станува се помалку и помалку ранлив на изневерување. Колку што е помалку чувствителен, на луѓето им е полесно да го лажат партнерот. И поранешните студии покажуваа слични резултати. Луѓето кои изневерувале уште во првата врска се склони кон неверство и во следната - за разлика од оние кои биле верни. Исто така, токму таквите најчесто се сомневаат во своите партнери. Прељубниците четири пати повеќе ги обвинуваат своите партнери за неверство, без оглед на тоа што тие најверојатно веќе го изневериле партнерот - едноставно е, сметаат дека е нормална и честа појава бидејќи самите ја прават. 

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 19 септември 2017 06:13:00
Напишано од емилија