Банката престанала да ѝ дава пензија бидејќи била престара!

Мексиканката Марија Феликс Нада родена далечната 1900 година се соочила со сериозен проблем кога уште пред седум години државата престанала да ѝ исплаќа пензија.

img

 Заради бирократско ограничување, државата во нејзиниот случај се држела до правилото дека граѓаните постари од 110 години немаат право на пензија.

Таа изминативе години се соочувала со сериозни егзистенцијални проблеми, не можела да си ги лекува очите и се довела до состојба на неухранетост.

Сепак, старицата не се откажала од борбата и решила да тужи, а судот досудил во нејзина корист. Сега освен отштетата, која била определена, банката треба да ѝ ги исплати сите пензии, кои не ѝ ги дала изминативе седум години.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 14 јули 2017 05:40:00
Напишано од Виолета