Девет дена без шеќер- Резултатот е драматичен

Целосното избегнување на шеќер уште на краток рок има драматични резултати, покажала нова студија.

img

Иако не пружа секоја храна еднакво чувство на награда, за повеќето од нас тоа го постигнува благото, односно шеќерот. Иако овошјето е важен начин на внесување на благо, современиот начин на исхрана отиде во сосема друга насока. На пример, пред околу 10 години просечен Американец конзумирал 22 лажички дополнителен шеќер дневно (што е екстра 350 калории), додека неодамна еден експерт изјавил дека просечен Британец неделно конзумира 238 лажички шеќер.

Со оглед на денешната прехрамбена индустрија, речиси е невозможно е да се најде процесуирана храна која не содржи дополнителен шеќер, на кој повеќето од нас се веќе навикнати. На истиот начин на кој никотинот и хероинот создаваат зависност, зголемените неврохемикалии и докази во промените во однесувањето докажуваат дека и шеќерот предизвикува зависност.

Што се случува кога ќе го исфрлиме шеќерот од исхраната?

Исфрлањето на шеќерот од исхраната на само девет дена може да има драматични резултати и да го подобри здравјето, покажала нова студија објавена во угледниот магазин Obesity. Во неа бил исфрлен шеќерот од исхраната на 43 тинејџери, а научниците докажале дека проблемот со шеќерот во исхраната не лежи во бројот на калории, туку во потешкотиите кои ги има телото кога го вари.

Забележавме драматично поправање на нивото кај сите деца во студијата, на сите им се подобри состојбата. Во истражувањето, ги поттикнувавме децата да јадат дури и повеќе од претходно, а ги уверивме дека нивната тежина ќе остане иста. И покрај тоа што не го намалија бројот на внесени калории, ослабеа”, вели лидерот на студијата, Роберт Лустиг.

Колку повеќе шеќер има во исхраната, толку понездраво се храниме.

Луѓето кои конзумираат премногу шеќер, често ја прескокнуваат квалитетната храна. На пример, поретко јадат цели житарки, безалкохолните газирани пијалоци го заменуваат млекото, природниот сок и слично.

Калориите од шеќерот се најлоши, бидејќи во црниот дроб се претвораат во масти и ја зголемуваат отпорноста на инсулин, па го зголемуваат ризикот од дијабетес, болести на срцето и црниот дроб”, истакнува Лустиг.

После само девет дена ограничување на фруктозата, резултатите се значителни и присутни кај сите субјекти.

Facebook impact:

Објавено вторник, 12 септември 2017 07:27:00
Напишано од емилија