Девојка си го истетовирала окото, а потоа почнале да ѝ течат виолетови солзи

Оваа девојка му дозволила на своето момче да и ја тетовира белката на окото, но очигледно нешто тргнало наопаку. Во еден момент почнале да и течат виолетови солзи од окото, како резултат на лошо завршената работа.

img

Моделот Кет Галингер можеби во целост ќе го изгуби видот на окото, поради лошо направената тетоважа на белката.

Таа на сите на Инстаграм им отркила дека направила операција, но ако таа не успее, би можела засекогаш да остане без окото, поради претенката рожница.

Кет многу се кае поради тетоважата на окото, па ги предупредила другите да бидат внимателни кога го бираат “тату-мајсторот”.

“Како стојат работите, препуштена сум во рацете на експертите, а ако ова не се поправи, можам да останам слепа засекогаш. Оваа состојба е предизвикана со неразредено мастило.

Не го споделувам ова со вас за да ве исплашам, туку да ве предупредам да правите вакви процедури кај експерти”, рекла Кет.

Во последните објави на Кет на социјалните мрежи, таа кажала дека виолетовата боја на окото полека бледее, но дека видот на тоа око уште не и се вратил.

 

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 07 декември 2017 08:43:00
Напишано од емилија