Драстичното намалување на калориите и само два дена во неделата е штетно по здравјето

Популарната диета “5:2” во која 5 дена во неделата се јаде нормално, додека 2 дена во неделата, калорискиот внес се сведува на четвртина од стандардниот внес, има многу лошо влијание врз здравјето.

img

Тоа конкретно за жените значи внес од отприлика 500 калории, а за мажите до 600 калории дневно. 

“Оваа диета навистина го намалува ризикот од рак и дијабетес, намалувајќи го нивото на глукоза и холестерол. Исто така, исчезнува хормонот IGF-1 кој влијае на болестите поврзани со стареењето, а и килограмите се топат”, вели нутриционистката Рут Тенг. Но, не е сè така позитивно.

“Поголемиот дел од истражувањата биле спроведени врз мажи, а докажано е дека половите различно реагираат на овој тип на исхрана. Кај жените, диетата негативно влијаела врз нивото на шеќер и контролата на инсулинот. Многу жени кои ја држеле оваа диета се жалеле на крварења помеѓу циклусите, доцнење на менструацијата и болки за време на овулација, што значи дека оваа диета би можела негативно да делува и врз плодноста”, вели Тенг.

Тим на биотехнолози од Индија откриле дека ваквиот начин на исхрана доведува до промени во менструалниот циклус, само 10 дена по започнувањето на диетата.

Едно истражување кое било спроведено врз животни открило дека ваквата исхрана доведува и до прекинување на овулацијата кај 80 отсто од женките. Доколку ваквите резултати имаат слично влијание и врз луѓето, повеќе од јасно е дека не вреди да се ризикува здравјето поради диета која, сепак со себе го носи и “јо-јо ефектот”.

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 12 септември 2017 05:50:00
Напишано од емилија