И ние имаме „француска прва дама“- Македонка зела 30 години помладо момче

Биографијата на францускиот претседател Емануел Макрон ја крена јавноста на нозе… Неговата сегашна сопруга, Брижит Трудо, од него е постара 24 години, а која ја запознал кога имал 15. Некако е чини нереално, според многумина дури и „ненормално“.

img

Но, статистиката и праксата говорат нешто друго- „Макрон и Трудо има и во Македонија“. Според последниот извештај на Државниот завод на статистика за бројот на склучени бракови во 2016 година, стои дека минатата година бил склучен еден брак каде невестата имала над 55 години, а младоженецот бил од 20 до 24 години… Невестата била барем 30 години повозрасна од својот избраник.

Во една од матичните служби во земјава бил склучен и брак во кој младоженецот имал од 25 до 29 години, а невестата имала над 55 години.

И македонските мажи сакаат млади жени. Лани четири девојки на возраст од 25 до 29 години запливале во брачни води со мажи кои имале над 55 години. Возраста не била пречка за вистинска љубов ниту за шест девојки кои биле на возраст од 30 до 34 години. Тие се заколнале на вечна љубов на мажи кои биле бар 20 години повозрасни од нив, односно имале над 55 години.

Facebook impact:

Објавено среда, 17 мај 2017 04:42:00
Напишано од sasho