Јогуртот е дел од здравата исхрана!

Јогуртот е дефинитивно дел од здравата исхрана и почнете да го употребувате ако тоа не сте го правеле досега. Практикувајте здрава исхрана доколку сакате да изгледате фит и младолико.

img

Ако досега не сте го додале јогуртот во вашата здрава исхрана, направете го тоа веднаш. Без разллика каков вид на јогурт одбирате, тој е закуска со хранливи материи која ве снабдува со извонредна количина на калциум и протеин, заедно со витаминот Б, минералите, калиум, фосфор и магнезиум.

Јогуртот е направен од ферментирано млеко со Lactobacilius bulgaricus и Streptococcus thermophilius, бактерии кои се познати како пробиотици и помагаат да се зачува и подобри вкусот на јогуртот. Јогуртите направени од полномасно млеко имаат повисоко заситени масти, но истражувањата покажале дека тоа не може да влијае негативно врз здравјето. Во една студија пишува дека повисокото внесување на заситени масти од млечни производи е поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни болести, но повисокиот внес на заситени масти од месо е поврзан со поголем ризик кон здравјето. Сепак, не треба да се претерува бидејќи мастите придонесуваат повеќе калории и со тоа се зголемува тежината на човекот. 

Без оглед каков јогурт ќе одберете, избегнувајте ги оние овошни јогурти или јогурти со други засладувачи, бидејќи ќе ја претворат здравата чаша јогурт во висококалоричен млечен десерт.

Facebook impact:

Објавено петок, 12 јануари 2018 09:55:00
Напишано од емилија


Последни вести