Како да го спречите и лечите премрзнувањето кај децата

 

Најчесто се појавуваат на екстремитетите (прстите на рацете и нозете),на носот,брадата и ушите.

 

img

 

Што го предизвикува премрзнувањето?

Изложеноста на ниски температури,од минус 18 до минус 21 степен,претставува фактор на ризик ,како и ветерот здружен со минусот.

До премрзнување допринесува и долгата изложеност на студ, како и тесна и влажна облека и обувки.

Како да го препознаете премрзнувањето?

Премрзнувањето може да се поделии во неколку групи:

Замрзнување од прв степен

Кај овој најблаг вид на премрзнување,кожата е бледа, скоро бела (поради грчење на крвните садови). Дали нешто ќе тргне во правец на компликација,покажува модрилото на кожата (доаѓа до нагло ширење на крвните садови). Тоа субјективно се манифестира со чешање и пецкање на површината на кожата.

Замрзнување од втор степен

Кај овој степен на премрзнување,доаѓа до појава на пликови кои потсетуваат на изгореници.

Замрзнување од трет степен

На кожата се појавуваат рани,кои се изразито болни,а можат да се забележат и почетни знаци на инфекција.

Замрзнување од четврт степен

Ова е најтешкиот облик,каде доаѓа до гангрена ,односно до потполно умирање на ткивото.

Како да му помогнете на детето кое е премрзнато?

На детето кое е премрзнато потребано е веднаш да се пресоблече и да му се отстрани мократа облека. Деловите кои најмногу биле изложени на студот,потребно е да се покријат со сува ткаенина или ќебе. Кај тешките облици на премрзнување и појавите на пликови,обавезно преку замрзнатите делови да се стави стерилна газа и веднаш да се извести доктор.

Кај најтешките, потребно е и имобилизација на замрзнатите делови од телото.

По пресоблекувањето и загревањето на телото, на детето треба да му се даде топол напиток,најдобро и засладени како би се надоместиле електролити. По потреба може да се припреми и топла купка.

Спречете ја појавата на премрзнување кај децата !

На температура под минус 14 степени, на децата би требало да им се ограничи излегувањето надвор на 10,најмногу 15 минути. Исто така , треба и да се соодветно облечени,што подразбира топла облека,јакна,капа,шал,ракавици како и облека која што не пропушта.

 

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 јануари 2017 11:23
Напишано од Емилија



Барај