Колку време неделно треба да вежбате за подолг живот

Ако сакате подолг живот, морате да бидете активни и да го држите телото во добра форма. Едно скорешно истражување покажува точно колку време неделно треба да поминете во вежбање за да имате подолг живот.

img

Истражувањето објавено во The Lancet тврди дека 150 минути вежба неделно се доволни за да го доведете телото во идеалната форма. Исто така во истражувањето се наведува дека во тие 150 минути се вбројуваат сите активности во текот на неделата, а не само конвенционалното вежбање во тератана или трчањето.

Во истражувањето беа вклучени луѓе помеѓу 35 и 70 години и беа споредувани нивните физички активности, како и физичкото здравје. Повеќе од 140.000 учесници пополнувале прашалник поврзан со нивното здравје, физичка состојба и времето поминато во вежбање.

Резултатите покажале дека луѓето кои вежбаат повеќе од 150 минути неделно имаат 28% помал ризик од смрт и 20% помал ризик од срцеви заболувања.

Авторите кои стојат позади ова истражување исто така советуваат дека можете да ги замените секојдневните активности со вежбање, без тоа воопшто да ви влијае на дневната рутина.

На пример, нареден пат кога ќе одите на работа или до продавница, пробајте да одите пеш или со точак. Исто така, имањето на партнер за вежбање може да ве мотивира, па затоа пробајте да си најдете некој кој ќе сака да ви прави друштво додека вежбате.

Facebook impact:

Објавено вторник, 03 октомври 2017 05:04:00
Напишано од емилија