Конечно објавен датумот за свадбата на принцот Хари и Меган

Прнцот Хари и неговата вереничка Меган Меркел ќе се венчаат на 19 мај 2018 година, пренесуваат британските медиуми.

img

Кесингтонската палата ја потврдила оваа објава.

Парот го одбрал последниот ден од ФА купот кога ќе застане пред олтар. ФА купот е национален фудбалски куп на Англија и најстар фудбалски натпревар на светот, првпат одран во 1871 година.

Парот својата веридба ја потврди минатиот месец и истакна дека церемонијата ќе се одржи во замокот Виндзор, поточно во капелата Свети Георгија.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 15 декември 2017 03:23:00
Напишано од Вероника


Последни вести