Невеста побегна со 14.000 евра

Младоженец од Англија и неговите 29 пријатели останаа непријатно изненадени кога открија дека невестата побегнала со 14.000 евра наменети за свадбената прослави и ги оставила на цедило на аеродромот.

img

Крис Махоне (27) требало да се венча со 29-годишната Рејчел Доран, па друштвото им се собрало на аеродром пред летот за Ибица, каде во еден хотел требало да се одржи четиридневната венчавка.

Но, набрзо откриле, дека невестата која на себе ја презела грижата околу организацијата, не резервирала карти за авион, ниту сместување во хотел, иако сите и дале пари.

„Невестата бегалка“ тоа го направила од одмазда, зошто мислела дека Крис ја мамел. Во својата одмазда отишла толку далеку што на поканетите им отпечатила лажни авионски карти со лого на локална туристичка компанија.

Facebook impact:

Објавено среда, 13 септември 2017 06:56:00
Напишано од Виолета