Оваа Русинка ја има најтенката половина

Оваа Русинка се претставува како @likekate_ на друштвената мрежа Instagram, и токму таму има повеќе од 170.000 следбеници или обожаватели.

img

Во описот на нејзиниот профил пишува дека е модел и дизајнерка. Но, она што е веднаш воочливо кога ќе ја погледнете е тоа дека има премногу витка (или тенка) половина и навистина премногу потсетува на кукла, нешто што се' повеќе прераснува во тренд на друштвените мрежи.

Модата е секако нејзина страст и не негираме дека таа поседува раскошен и гламурозен стил, но нејзиниот физички изглед и не делува како таа премногу да се грижи за сопственото тело. А сето тоа може да остави многу погрешна слика, особено кај помладите девојчиња. Сепак, таа тврди дека иако има исклучително вита става и иако води огромна грижа за здраво да живее, одвреме навреме знае да се почести со парче пица. Или можеби мисли само не едно “залче” пица...

Иако Катја (или Кејт, како што се претставува во САД), неодоливо многу потсетува на “жива кукла”, таа воопшто не се оптеретува со негативните коментари коишто ги добива на сметка на својот и не толку природен изглед.
Таа има веб страница на којашто продава облека којашто самата ја дизајнира. А ако може да судиме според фотографиите коишто ги објавува таа, тоа што го работи таа е сосема доволно за таа да живее пристојно.
Инаку, оваа дама е во брак, и живее на релација Русија-Америка.

Интересна комбинација од дестинации, како и самото модно влијание коешто самата таа го пласира. Па, како ви изгледа оваа Русинка?

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 22 ноември 2017 07:09:00
Напишано од емилија