Правила кои мора да ги применувате кога ги перете градниците

Да се пронајде градник кој совршено ќе одговара знае да биде напорно. Кога веќе сте го нашле, многу е важно правилно да го одржувате за да ви трае подолго. 

img

Придржувајте се кон овие 3 правила за перење и сушење на градникот и нема да имате проблеми:

Рачно перење

Во сад ставете млака вода и додадете малку благ детергент. Ставете го градникот во водата да отстои 1 час.

Потоа, извадете го, заменете ја старата вода со чиста и повторно потопете го градникот со нежно притискање на корпите.

Постапката повторете ја уште еднаш, а потоа внимателно исцедете го градникот.

Совет: За да ги отстраните темните дамки од корпите на градникот, пред да го ставите градникот во вода, потопете мал дел од памучна крпа во водата со детергент и со неа исчистете ги дамките.

Перење во машина

Градникот треба да биде закопчан и најдобро е да го ставите во мрежичка за перење, па во машината.

Градникот не смеете да го перете заедно со парчиња облека кои повеќе тежат, како на пример фармерки или пешкири бидејќи можат да го згмечат за време на центрифугирањето.

Перете го градникот на програма за чувствителни ткаенини.

Сушење

По перењето, додека градникот е во  мрежичката, наместете ги убаво корпите за да се вратат во првобитната положба.

Во мрежичката ставете сув пешкир и притиснете го врз градникот за да може да ја впие водата.

Не го закачувајте градникот на жица за сушење со штипки на рамките, туку само префрлете го преку неа. Не го сушете градникот директно изложен на сонце.

Facebook impact:

Објавено сабота, 12 август 2017 05:43:00
Напишано од Виолета