Зошто ураганот кој пустоши во Средна Америка се вика Ирма?

Харви го погоди Тексас, Ирма ги опустоши Карипските острови, Мајами и Флорида, а вниманието на метеоролозите во моментов е посветено на Хозе и Катја, кои следуваат.  Зошто на овие метеоролошки појави им се даваат имиња на луѓе?

img

Доколку истите имаат кратко и впечатливо име, медиумите за нив полесно ќе известуваат, а на луѓето ќе им биде поедноставно да се подготват за нивните неретко катастрофални последици. Сепак не станува збор за имиња на конкретни поединци, туку за имиња блиски до жителите во регионите кои ги зафаќаат.

Листата со имиња, најизменично машко и женско, по азбучен редослед ги одредува Светската метеоролошка организација. Во половината на минатиот век на ураганите им се давале само женски имиња, но тоа се сменило во 1979 година поради полова еднаквост.

Еден циклус на имиња трае шест години, што значи, на пример дека Харви или Ирма може да се појават повторно во 2023 година, но малку е веројатно тоа да се случи ако се земе во предвид нивната моќ.

Од листата се бришат имињата на оние урагани кои биле смртоносни или предизвикале голема штета, а меѓу последните повлечени од листата се Катрина и Сенди.

 

Тагови:

ураган Ирма

Facebook impact:

Објавено среда, 13 септември 2017 10:16:00
Напишано од емилија