Донација на велосипеди на АМСМ на Град Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Градски паркинг", Борче Јакимовски денеска ја примија донацијата од 35 велосипеди од Авто мото сојуз на Македонија - АМСМ.

img

- Сакам да изразам благодарност до Авто мото сојуз на Македонија за оваа донација на велосипеди, со кој директно се вклучија во кампањата за подобрување на велосипетската инфраструктура и подигнување на јавната свест за велосипедот како превозно средство во Скопје. Овие 35 велосипеди, од кои 30 се велосипеди за возрасни и 5 за деца, се со вредност од околу 172.000 денари. Донираните велосипеди Градот Скопје ќе ги постави на пунктот за изнајмување велосипеди на ЈП „Градски паркинг“, пред катната гаража Македонска фаланга, кажа градоначалникот Трајановски.

Директорот на Авто мото сојуз на Македонија, Димитар Миновски изјави, дека овие велосипеди се добиени од проект од светската сообраќајна асоцијација (ФИА), со што се вклучуваат во поддршката на Град Скопје за користење на велосипедот како превозно средство во Скопје.

Facebook impact:

Тагови:

Објавено петок, 19 јуни 2015 12:50
Напишано од Ирина




Барај