Во ТЦ „Сити Мол“ започна кампањата за промоција на правата на потрошувачите

Денеска /21.12.2014 година, недела/ во трговскиот центар „Сити Мол“, под мотото „Сите сме потрошувачи” започна кампањата за промоција на правата на потрошувачите.

img

Во кампањата „Сите сме потрошувачи” на граѓани ќе им бидат делени едукативни летоци изработени од Советот на потрошувачи на Град Скопје и Организацијата на потрошувачите на Македонија ОПМ .

- Денеска започнуваме една конкретна активност од областа од областа за заштитата на потрошувачите, каде во едно од најфреквентните места во Скопје ќе поделиме околу 10.000 едукативни летоци, каде има информации за основите права на потрошувачите, како и контакти и податоци на институциите кои се одговорни да реагираат при конкретни повреди на нивните права - рече на почетокот на кампањата претседателот на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје и член на Советот на Град Скопје, Марјан Додовски.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева изјави дека Советот на Град Скопје дава поддршка за активностите за заштита на потрошувачите, каде како конкретни мерки досега се издвојуваат креирањето на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, носење на Програма за работа на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје, носење на акциони планови за работа на ова тело.

На почетокот на кампањата присуствуваше и претседателот на Организација на потрошувачите на Македонија, Маријана Лончар Велкова која изјави дека оваа конкретна активност е во насока на информирање на граѓаните, бидејќи тие како потрошувачи имаат право да бидат запознаени со нивните права и начини на остварување на истите.

Кампањата за промоција на правата на потрошувачите „Сите сме потрошувачи” е во организација на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, која се реализира во соработка со Организација на потрошувачите на Македонија.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 21 декември 2014 01:30:00
Напишано од Ирина


Последни вести