Големо фијаско на Заев: Ова прилепчани нема да му го простат!

СДСМ на првиот митинг за претстојните предвремени избори пред прилепчани ја обелодени својата програма.

img

Собраните жители на Прилеп беа сведоци на кршењето мраз на СДСМ за митинзите кои допрва ќе се одржуваат во другите градови низ Македонија.

- Прилеп е град на слободата и е спремен за новиот наш ден на слободата, а тој ден е 11 декември. Институциите ќе работат само за граѓаните. Нашиот план е базиран на реалност ако сакаме Македонија да функционира. Вие знаете колку труд имаме вложено во нашиот план, бидејќи го правевеме заедно. Вие знаете дека не е бајка. Македонија ќе доживее промени на 11 декември - порача Заев пред прилепчани.

Вистински неред настана кога изнајмениот преведувач на албански јазик погрешно ги преведе овие зборови со што митингот на СДСМ доживеа фијаско.

Ви го пренесуваме преводот во целост:

- Прилеп досега беше град на слободата и подготвен е на 11 декември да стане граница на нова федерализирана Македонија. Врз основа на досегашните искуства со техничките министри, криминалците ќе ги уживаат сите права. Нашиот план се базира на долгогодишни планирања како да ја уништиме Македонија. Знаете колку молевме по амбасади за да го финансираат нашиот план, бидејќи заедно со невладини организации го имаме правено. Знаете дека ви продаваме магла. Македонија допрва ќе стане земја која ќе ги занемари помалите етнички заедници.

*Секоја сличност со реални настани е случајна

Facebook impact:

Објавено вторник, 22 ноември 2016 09:51:00
Напишано од twisted_angel


Последни вести

img

СВЕТСКИОТ ГОТВАЧКИ ВРВ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО СТРУМИЦА

Шеесетина врвни Master Chef судии и околу тристотина натпреварувачи и гости од цел свет, од утре ќе го отворат Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017. И по обемот и по квалитетот на имињата кои што нешто значат во светот на гастрономијата, овој настан е најголемиот кога било одржан кулинарски натпревар не само во нашата земја, туку и во поширокиот регион. Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, ќе се одвива од 24 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот Вила Парк. Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. 

img

Прилеп го одбележа државниот празник 23- ти Октомври

Годинава државниот празник 23 –ти Октомври Прилеп го одбележа скромно со положување на цвеќе на личностите кои го дале својот . По повод одбележувањето на државниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп и претставници од  политичката партија на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата положија свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев и  Ѓорче Петров, а една делегација се поклони и положи цвеќе на гробовите на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение и на гробот на  Методија Патчев, во Кадино село. При оваа пригода градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцира важноста од зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Р. Македонија.