Ким Јонг-Ун му се восхитува на Заев: „Јас и Зоки - една душа во 2 тела“

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун упати низа пофалби на адреса на претседателот на СДСМ Зоран Заев, откако СДСМ исто како и Северна Кореја, побара во Македонија да се забрани сарказмот и сатирата.

img

СДСМ, реагирајќи на текст од рубриката „Двоглед“ од порталот Република, побара забрана на хуморот и сатирата на сметка на политичарите од опозицијата, само неколку часа откако во Северна Кореја беа забранети сарказмот и иронијата бидејќи, како што пренесоа сите светски медиуми, Ким Јонг-Ун не сакал да се двоуми и да проценува дали граѓаните кога јавно го фалат се искрени или иронични.

„Воодушевен сум од вашиот гест другар Заев“, изјавил Ким Јонг-Ун, а пренесуваат дневните весници од Пјонгјанг. „Самото тоа што во ист ден, во временска разлика од само неколку часа, побаравме иста работа е доказ дека нашите срца се поврзани, а нашата идеологија е идентична“, додава тој.

„Особено ме радува што не сум сам туку и вие, господине Заев, и господинот со мал пенис Зекири утврдивте дека сарказмот е штетен, дека иронијата е непотребна поточно одвишна и мора да се забранат. Вашите напори ги поддржувам и јас и целиот вам братски народ на Северна Кореја. Се надеваме дека кога ќе дојдете на власт Македонија, уште повеќе ќе заличи на нашата земја, и ќе го следите нашиот светол пример“, стои уште во изјавата на Ким Јонг-Ун.

„Медиумите во Северна Кореја, сите печатени во Пјонгјанг и уредувани од Комунистичката партија, како што треба да биде, со воодушевување пишуваа за нашата партија и за нашите планови за забрана на сарказмот, медиумска цензура и тоталитаризам. Се надеваме дека соработката меѓу СДСМ и Северна Кореја ќе продолжи и ќе успееме малку по малку да го вратиме овој систем и во Македонија, бидејќи е најдобар за нас“, изјави Заев.

Извори од Бихаќка сведочат дека Заев бил толку воодушевен од поддршката од неговиот идол Ким Јонг-Ун што состаноците на централниот одбор започнал да ги одржува облечен во униформа на севернокорејската армија, а планирал и да се ишиша исто како големиот лидер на Северна Кореја, во што го спречиле во последен миг колегите од Централниот одбор шегувајќи се со него дека ако го стори тоа, Шилегов нема да ја има најлошата фризура во партијата.Заев и Зекири со мал пенис меѓусебно си ветиле дека веднаш после изборите двајцата ќе одат заеднички на бербер и ќе ја направат многу посакуваната фризура на Јонг-Ун.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 13 септември 2016 10:44:00
Напишано од Елена


Последни вести