Манчев: Нема ништо по вредно и поискрено од детската насмевка

Интервју со Ванковер Манчев за Пулс24: Нема ништо по вредно и поискрено од детската насмевка

img

1. Прашање ПУЛС24:  Вие сте лекар, како се одлучивте ова да биде Ваша примарна професија? 

Манчев: За мене лично, медицинските науки се најхумани науки, и одтаму произлезе се во мојот личен порив. Сакам да помагам, да лекувам. Тоа од секогаш ми била примарна желба, а педијатриската специјалност ја одбрав бидејќи нема ништо поубаво на свет кога ќе погледнеш во очите на мајката како го гледа своето новороденче, нема ништо повредно, поискрено од детската насмевка.

Да се биде лекар навистина е благородна работа.

2. Прашање ПУЛС24: Што може да се научи од Вашите најмлади пациенти-децата?

Манчев: Искреноста и чистината која лежи во длабочината на нивната душа, мене ме прави подобар човек и лекар.

3. Прашање ПУЛС24: Кој е вашиот мотив да се занимавате со политика?

Манчев: Медицината помага на луѓето кои имаат здравствени проблеми. Политичарот треба и мора да помага за целата нација. Повторно од хумани побуди решив да се занимавам со политика.

Преку политиката можеш да дејствуваш во повеќе сегменти на општественото живеење.

Денес, модерниот политичар не е веќе синоним на елитистички лажго и криминалец како што беше порано во транзицијата. Најголема улога во промена на перцепцијата за политичар има токму мојата партија ВМРО ДПМНЕ.Сега политичарот има наметнато критериуми за отчетност, четност и одговорност према граѓаните. Политичарот треба да е патриот и родољубив човек. Затоа решив да се занимавам со политика.

Преку неа сакам да го сменам нештата во најубавата земја во светот, Македонија.

4.Прашање ПУЛС24: Често сте на терен меѓу граѓаните, што најчесто споделуваат со Вас?

Манчев: Проблемите кои ги тиштат граѓаните најчесто се од егзистенцијална природа, сакаат луѓето да се вработат. Имаат понекогаш и наследнени проблеми од имотно правен карактер, инфраструктурен...

Ние ги слушаме, пробуваме да помогнеме и  да предвидиме понатака во програмата дел од нивните приоритети..

Граѓаните имаат надеж дека ќе им се помогне, знаат дека ВМРО ДПМНЕ се бори за секое вработување, за зголемување на платите и пензиите, за нови инвестиции, за решавање на инфраструктурни прашања...затоа и ни даваат поддршка на средбите.

И најважно, граѓаните сакаат кризата да заврши час поскоро.

4. ПрашањеПУЛС24: Имате ли омилена книга?

Манчев: Како средношколец читав многу и има премногу наслови кои сега ми поминуваат низ мисли... И за оние кои не знаат имам објавено три книги, збирки поезија: ,,Магистрален сплет”, ,,Волшебен поглед”, ,,Лавиринтот на љубовта”,четвртата завршена збирка остана не објавена бидејќи медицинската литература остави малку простор.Во секоја збирка е застапен сонетот како форма, а втората збирка ,,Волшебен поглед”, добиениот магистрал од 14-те сонети, по примерот ,,Сонетен венец” од Франце Прешерн, е само 1/14 од целата збирка, т.е има уште 13 вака добиени магистрали, кои од нивниот акростих се добива уште еден магистрал, а бидејќи во литературата не постои име за таква форма, досега никој не се обидел да создаде таков сплет од сонети, јас го нареков ,,Голем магистрал”!

5. Прашање ПУЛС24: Во делот на развој на културата вашата партија посветува многу проекти. Ја сакате ли вие културата, каква музика слушате, имате ли омилена театарска претстава, омилен фил?

Манчев: Културата, музиката, театарот, филмот се дел од моето секојдневие.

6. Прашање ПУЛС24: Вие сте млад човек, што правите за да ја добиете поддршката?

Манчев: Јас сум искрен, чесен и доколку можам се трудам да помогнам, да подадам рака рака, зошто човек со човек го бидува.

7. Прашање ПУЛС24: Кога не сте на митнизи, како го трошите Вашето слободно време?

Манчев: Читам книги, гледам спорт, а поретко спортувам.Сакам да пешачам и да се дружам со пријателите.

8. Прашање ПУЛС24: Што би им порачале на гласачите во пресрет на изборите?

Манчев: Да гласаат за проекти и идеи и за луѓе кои веќе се докажани. Од една страна постои политичка партија која се занимава со деструктивни сценарија кои продуцираат поделби и омраза, тоа е СДСМ, од друга страна партија која десет години има сработено илјадници проекти во интерес на граѓаните, тоа е ВМРО ДПМНЕ.

Луѓето се мудри, знам дека ќе гласаат за прогресивни проекти кои Македонија ќе ја носат напред и нема да гласаат за црни сценарија кои можат да произведат конфликти.

 

 

Facebook impact:

Објавено четврток, 01 декември 2016 01:16:00
Напишано од Елена


Последни вести