AXWELL & INGROSSO и DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE- ХЕДЛАЈНЕРИ НА SKOPJE CALLING и OHRID CALLING 2018!!!

Драги пријатели,

Водечките тандеми на електронската музичка сцена (не само последниве неколку години, туку и денес), Axwell & Ingrosso и Dimitri Vegas & Like Mike, доаѓаат за прв пат не само во Македонија, туку и во регионот, идното лето во 2018-та година, и тоа:

img

Axwell & Ingorsso како хедлајнери на Skopje Calling 2018, на 24-ти јуни 2018 година.
Dimitri Vegas & Like Mike како хедлајнери на Ohrid Calling 2018, на 01-ви август 2018 година.

Едни од најбараните диџејски ѕвезди од областа на светската електронска сцена- AXWELL & INGROSSO, шведското дуо кое беше дел од популарните Swedish House Mafia, во рамките на третото издание на фестивалот SKOPJE CALLING- фестивал кој за брзо време стана препознатлив бренд во нашата земја и во југоисточна Европа, на 24 јуни, на стадионот на АРМ.

Axwell & Ingrosso своето деби како дуо го имаат во 2014 година и оттогаш кариерата им оди во ултра нагорен правец, со настапи насекаде во светот, кои резултираат со секогаш полни стадиони. Одличната продукција, впечатливите визуелни ефекти, многу пиротехника и енергичните настапи се она што ова дуо има огромна маса на фанови, секаде каде и да настапува во светот.

Dimitri Vegas & Like Mike се познати како домаќини на славниот Tomorrowland фестивал, чии химни редовно ги потпишуваат од 2010-та година, а во моментов се повеќе барани и од најголемите суперѕвезди како што се: Hardwell, Martin Garrix, David Guetta и Calvin Harris. Нивната популарност најдобро ја опишуваат 40.000 продадени влезници за само 40 минути, за двете од вкупно три распродадени ноќи во белгиската „Спортпале“ арена, надминувајќи ги рекордите кои ги држеа Madonna и U2! По 10-те последователни први места, најголемата онлајн продавница за електронска музика „Битпорт“ ги прогласи за изведувачи на годината, а нивните хитови „Тremor“, „Мamouth“ и снимките од бројните настапи во збир надминуваат милијарда прегледувања на „Јутјуб“ каналот. Познати и како врвни ремиксери, Dimitri и Mike соработуваа со водечките изведувачи на денешницата како што се Cavin Harris, „The Weeknd“, Justin Bieber, Major Laser. Dimitri Vegas & Like Mike се познати по спектакуларните настапи на најголемите фестивали и арени ширум планетата, со современата продукција која ја карактеризираат визуелни и светлосни ефекти внимателно скроени за нивните еуфорични сетови.

Со вакви супер атрактивни имиња, апсолутно најголеми хитмејкери (A&I: More Than You Know, Don`t you worry child, DVLM: Tremor, Arcade…) и хедлајнери на најголемите светски фестивали Tomorrowland и Ultra, Македонија прераснува во водечка регионална дестинација на eвропските љубители на електронската музичка сцена и сигурни сме дека на двата фестивала ќе присуствуваат барем 5.000 посетители од цела Европа. 


Двата настана ќе бидат проследени со неверојатни звучни и визуелни ефекти, на ниво на најголемите светски фестивали на електронска музика.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од вторник (26.12) од 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС, по цени од: 

Аxwell & Ingrosso:
1000 денари ПАРТЕР 2
1.500 денари ПАРТЕР 1
2.000 денари ФАН ПИТ (само 1000 влезници)

Dimitri Vegas & Like Mike:
1000 денари ПАРТЕР 2
1.500 денари ПАРТЕР 1
2.000 денари ФАН ПИТ (само 1000 влезници)

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 25 декември 2017 08:40:00
Напишано од Виолета


Последни вести