ЦЕМС одбележа 5 години постоење

Центарот за едукација и менаџмент во спортот-ЦЕМС оваа година одбележа 5 години од своето постоење и по тој повод на свеченост која се одржа во СЦ,, Борис Трајковски,, Вип Арена претседателот на ЦЕМС- Бојан Захариев ги изложи досегашните активности како и оние проекти и активности кои се предвидени за 2018 година.

img

Најпрво се истакна улогата на ЦЕМС како една од најактивните и посветени организации за развој и унапредување на спортот од сите сегменти во нашата држава. На присутните им беше претставен новиот модел и начин на функционирање на Центарот со што ќе се делува професионално и успешно во насока на реализирање на предвидените проекти. Со големо задоволство беа презентирани членовите на Советот на ЦЕМС и тоа :
1. Шабан Трстена
2. Лазар Поповски
3. Гордана Нацева
4. Зоран Бошковски
5. Индира Кастративиќ
6. Ѓоре Јовановски
7. Пепи Манасков
8.Примислав Димовски
9.Симе Симоски

Сите членови се врвни и истакнати спортисти и спортски работници кои направиле многу за спортот во нашата држава и посебна чест и задоволство е што ке ги реализираме нашите активности во кои носители ке бидат токму тие.
Исто така беа презентирани и партнерите на ЦЕМС со кои се потпишани меморандуми за соработка.
1.СЦ,,Борис Трајковски,,
2. Факултет за физичко образование, спорт и здравје.
3. Економскиот Факултет - Скопје
4. Адвокатска канцеларија
Соња и Сања Божиновски
5. Здружение за деца со посебни потреби,, Дајте ни крила,,
6. Туристичка агенција,, Атлас,, од Скопје
7. ГОБ 8 ми Септември
8. Евроинс осигурување


Сите овие партнери на ЦЕМС ќе бидат активно вклучени во реализацијата на програмата и проектите а за напоменувње е и системскиот вклучување на факултетите во насока за развој на спортот во делот на стручна едукација и анализи како и менаџмент и предлози за новитети во интерес на подобрување и унапредување спортот во целост.



Со сите наши партнери ќе имаме активности и организација на трибини и семинари со цел да ги афирмираме вистинските вредности на спортот но и директно да им помогнеме на спортистите од најмала возраст па се до оние кои професионално се занимаваат со спорт во делот на осигурување од повреди каде што најверојатно ќе потпишеме меморандум за соработка со една од најдобрите осигурителни компании Евроинс осигурување, правни совети и заштита, едукација од стручни лица за нивен развој, насочување кон збогатување на своите знаења во други области и многу бенефиции од различен карактер.
Во рамки на активностите на ЦЕМС планирана е и соработка со сите институции од областа на спортот во нашата држава АМС. МОК, како и општините во Р. М со кои партнерски ке настапиме кон остварување на нашите замисли а со крајна цел развој на спортот.
Со сите наши партнери и соработници планираме и апликација за нашите проекти во неколку амбасади и институции што ќе ја препознаат нашата идеја и визија.
Се разбира дека тука е и соработката со компаниите без кои неможе да се замисли спортот а во тој дел пред се сакам во име на ЦЕМС да искажам благодарност на г-дин Трифун Костовски кој има направено многу за спортот во нашата држава, бидејќи ни вети конкретна помош во дел на остварување на нашите замисли со цел да ги реализираме успешно.
Планирана е и соработка со Стопанската Комора каде би имале можност да ги запознаеме компаниите со сите поволности и значење за нивно инвестирање во спортот.


ЦЕМС ќе има и активности од хуманитарен карактер благодарение на соработката со Дајте ни Крила и СЦ,, Борис Трајковски,, во делот на набавка на лифт за потреби на базенот со кои децата со посебни потреби ќе имаат можност непречено да спортуваат. Исто така планирано е во соработка со факултетите и стручна обука на лица кои би работеле со децата со цел да се почуствуваат рамноправни.

Ова се само мал дел од активностите од кои би издвоил уште една а тоа е дека во консултации со членовите на Советот на ЦЕМС ќе се формира таканаречени ЕЛИТ членови на кои ќе им се помага на различни начини за подобрување на нивните кариери.
Сакам во име на ЦЕМС да истакнам дека вратите на сите спортисти и институции кои мислат дека може да ни помогнат нам а пред се на спортот во Р. Македонија се отворени и секогаш ќе бидат добродојдени, и секако во име на ЦЕМС на сите спортисти, членови и партнери како и на сите граѓани на нашата држава посакуваме многу здравје, успеси и бериќет истакна на крајот од своето обраќање претседателот на ЦЕМС - Бојан Захариев

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 29 декември 2017 11:10:00
Напишано од g0sh3


Последни вести