Фондот ИЛИРИКА ЈИЕ со признание од реномираниот Investors Review од Британија

Илирика на својот Годишен инвеститорски состанок ги презентираше резултатите од минатата година и проекциите за 2017та година. Чекорите кои Илирика ги превзема веќе неколку години ја ставија компанијата на меѓународната сцена и затоа реномираниот магазин Investors Review за 2016та година ја избра Илирика помеѓу најдобрите инвеститорски финансиски институции. Илирика ги доби признанијата за Fund Elite, Single Manager и Finest in Finance. Овој магазин е дел од медиумскиот холдинг AI Global Media кој издава публикации во 170 држави во светот и имаат околу 2 милиони претплатници.

img

Вложувањето во акции на берзата или акциски инвестициски фондови е чекор кон стабилен менаџмент на личните фондови кои постепено растат во соработка стручни советници. Долгогодишното локално и меѓународно искуство и признанието од интернационални организации ја одразуваат довербата во Илирика. Илирика фунд менаџмент овозможува лична соработка со идните инвеститори и согласно преференциите на клиентот соодветно управува со ризиците преку професионално обучен персонал. На сите пазари каде Илирика е присутна, како високо-стручна финансиска институција обезбедува лична и ефикасна услуга која ги исполнува барањата на дури и најпребирливите клиенти. Со стручноста, знаењето и со богатото искуство на инвеститорите Илирика обезбедува чесно, сигурно и промислено управување со имот.

Илирика како врвна финансиска институција во Македонија нуди високо ниво на инвестициски услуги на Македонскиот пазар. Присутните на Годишната инвеститорска средба ја имаа можноста да се запознаат со најновите информации од македонската и светската берза. Илирика ги претстави успесите од минатата година и чекорите кои ќе ги преземат во новата година согласно нивните проекции. Илирика е број 1 брокер на Македонската берза за 2016та година со пазарен удел од 29%, а Друштвото во текот на 2016 година го доби јубилејното признание од Македонската Берза, по повод 20 години Македонска берза, како друштво со најголем промет од основањето на берзата.

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 јануари 2017 01:55:00
Напишано од Виолета


Последни вести

img

СВЕТСКИОТ ГОТВАЧКИ ВРВ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО СТРУМИЦА

Шеесетина врвни Master Chef судии и околу тристотина натпреварувачи и гости од цел свет, од утре ќе го отворат Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017. И по обемот и по квалитетот на имињата кои што нешто значат во светот на гастрономијата, овој настан е најголемиот кога било одржан кулинарски натпревар не само во нашата земја, туку и во поширокиот регион. Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, ќе се одвива од 24 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот Вила Парк. Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. 

img

Прилеп го одбележа државниот празник 23- ти Октомври

Годинава државниот празник 23 –ти Октомври Прилеп го одбележа скромно со положување на цвеќе на личностите кои го дале својот . По повод одбележувањето на државниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп и претставници од  политичката партија на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата положија свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев и  Ѓорче Петров, а една делегација се поклони и положи цвеќе на гробовите на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение и на гробот на  Методија Патчев, во Кадино село. При оваа пригода градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцира важноста од зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Р. Македонија.