Која е целта на вашиот состанок?

Можеби техничката опрема не работела како што треба, храната била просечна, добавувачите не се покажале во најдобро светло или пак услугата била бавна. И ви се чини дека без разлика на тоа колку сте се труделе сѐ да биде совршено и сте планирале до најситни детали, ништо во врска со настанот не поминало како што треба. Вашиот состанок е многу повеќе од само маси и столчиња. Дали некогаш сте биле домаќин на важен состанок (голем или мал) кој не тргнал според планираното?

img

Токму затоа, она што е најважно е пред сѐ да ја одредите целта на вашиот состанок. Дали организирате лежерен настан за вработените, важен состанок на кој правите ревизија на кварталот, или пак формална прес-конференција за нешто ново – разликата е голема и токму целта на состанокот треба да биде вашата појдовна точка.

Доколку не сте сосема сигурни, одговорете на овие 7 едноставни прашања и вашиот следен состанок ќе биде без никаква грешка!

Сега избројте ги одговорите и погледнете која цел најмногу одговара на вашиот настан.

А – Нетворкинг – да споделите идеи и запознаете нови луѓе (тимбилдинг активности, годишни настани, бизнис конференции).

В – Промоција – да лансирате нови понуди и промовирате нови идеи (лансирање нов производ/услуга, изложба, презентација).

С – Идеи – да генерирате нови идеи и промовирате нови начини на размислување (бреинстормин сесии, креирање рекламни кампањи).

D – Одлучување – да поттикнете значаен дијалог за да постигнете одлука (менаџерски состаноци, селекција на добавувачи, интервјуа).

Е – Продукција – да работите заедно за да развиете конкретен резултат (работни сесии, развој на презентации, сесии за планирање, одредување буџет).

F – Едукација – да споделите идеи, научите нови работи или добиете вештини (обуки, тренинг сесии, демонстрации).

G – Прослава – да одбележите значаен момент или постигнување (церемонии за доделување награди, годишнини, социјални настани).

На крајот, без разлика за каква цел се работи и каков тип на настан треба да организирате, со помош на специјалната платформа Мeetings Imagined, секој состанок или конференција можат да бидат организирани до најмали детали, без можност за превид или пропуст. Meetings Imagined всушност претставува нов концепт од Скопје Мериот за организирање бизнис настани кај нас; тоа е алатка за интерактивно креирање совршен и соодветно прилагоден простор.

Платформата е создадена со цел да понуди решение, знаење и професионалност, да инспирира, но и да соработува и поттикнува во изнаоѓање најдобро решение. На meetingsimagined.com може да се најдат идеи, трендови и слики за создавање собири со креиран поголем ефект, а осумте функционални простории со вкупно 800 метри квадратни флексибилен простор за состаноци и настани ќе ви понудат и елеганција и функционалнот за исклучителен настан.


Па така, доколку се двоумите што сè ви е потребно, дозволете професионалното искуство на персоналот на Скопје Мериот Хотел да ви овозможи врвно искуство, бидејќи кога се работи за организирање состанок во некоја од салите на Скопје Мериот Хотел, луѓето и нивната експертиза е она што навистина прави разлика.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 17 мај 2017 12:18:00
Напишано од Виолета



Последни вести