Многу љубов под еден кров: Запознајте ги Потмансови

Семејството Потмансови брои 25 члена. Три генерации, десет возрасни и петнаесет деца, сите живеат во една куќа. Како изгледа нивниот соживот ни прикажува каналот ТЛЦ од 11 ноември во 20 часот. Ви откриваме дека во текот на прикажувањето на серијата ќе имате прилика да го запознаете и 26иот член на семејството Потманс.

img

Бил и Барб Потманс изгледаат како просечно американско семејство: во брак се 33 години, имаат четири деца и сакаат времето да го поминуваат со внуците.  Сепак, нивното семејство кое сеуште расте, живее малку поинаку од останатите. Кога децата ќе пораснат не се селат од дома дури и кога ќе се венчаат. Заеднички ги водат финансиите и децата ги воспитуваат како едно големо семејство. Оваа година семејството со нетрпение го очекуваат доаѓањето на новото бебе, со кое ќе бидат 26 члена! Освен тоа, време е за надоградба и припрема за градба на нова и поголема куќа, која ќе биде посоодветна за толку големо семејство. Но дали семејството покрај толку големи промени кои ги очекуваат ќе успеат да ги пребродат препреките и дали ќе се промени нивниот однос?

По што  семејството Потмансови е толку различно од останатите?

Тие се поврзани. Многу Поврзани!

Зборот поврзани не го опишува доволно добро ова големо семејство, кое дели апсолутно се, од банкарски сметки до само две бањи. Семејството Потманс го сочинуваат Бил и Барб Потманс кои се на чело на домаќинството, нивните четири деца и нивните сопружници, како ѝ вкупно петнаесет внуци. Во нивното домаќинство ретко ќе наидете на досадни моменти (како и приватност) додека семејството со заеднички сили го гради својот дом од соништата, заедно имаат подеми и падови.

Ново бебе!

Во оваа сезона Блер, ќерката единец, и нејзиниот сопруг Џејми ќе добијат дете, што значи семејството ќе го дочека 26иот член на кланот Потманс.

Се држат заедно

Семејството се соочува со суровата реалност и здравствените проблеми на таткото и дедото Бил, а тој не е единствениот член кој е присилен да се соочи со стравот. Кејси Потманс, сопруга на синот Брендон, е соочена со семејното минато заради кое е присилена да донесе некои тешки одлуки за својата иднина. Потмансови сите препреки ги решаваат заедно и притоа го редефинираат поимот американско семејство.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 10 ноември 2017 03:22:00
Напишано од Виолета


Последни вести