НВО КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИТЕ: Влезот во Уставната преамбула, основ за опстанок и интеграција на Египќаните во Македонија

Во услови кога НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ, има важечки Меморандум за соработка со ВМРО ДПМНЕ, кога НВО Организација на Египканите има исто така потпишан Меморандум за соработка со Алијансата на Албанците, како и НВО Организација на Египќаните, има потпишано исто така Меморандум за соработка со Градоначалникот на Ресен, и како врв на целиот процес, имате советник во Советот на Општина Охрид, кој бил на листа за кандидати за советници на СДСМ, имате една силна основа, од правен, политички и најмногу од се, морален аспект, да се отвори прашањето за влез на Египќаните во Уставната преамбула.

img

Нивното , категоризирање во категоријата „други“ според нас е аморфна состојба и маса на граѓани на Р.Македонија, кои можат да бидат предмет на асимилација и манипулирање за време на попис на населението, што не е во ред.

Не очекуваме конкретни прогресивни интегрирачки процеси за мојот народ, без нивно спомнување како посебна етничка заедница во Уставот на Р.Македонија, истакна дипл.правник Демир Далип, кој додаде дека силно се посветени околу официјализирање на 24 Јуни-Денот на Балканските Египкани, процес кој го разработуваат во соработка со пратеници од ВМРО ДПМНЕ и oчекуваат истата да биде подржана од сите парламентарни партии, а предлагач , најверојатно ке биде ВМРО ДПМНЕ.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 08 ноември 2017 04:00:00
Напишано од Вероника


Последни вести