Пакети со 50% попуст и со поголема интернет брзина во Неотел

Неотел и овој пат истапи со поволности за новите корисници. Создаде понуда од пакети креирани според потребите на корисниците, а корисниците најмногу сакаат брз интернет и добар попуст. Изберете пакет составен од најбрз интернет, како и телевизија - neoTV или пакет само со интернет и добијте 50 отсто попуст на претплатата во првите 3 месеци. Попустот важи за сите нови корисници кои ќе имаат можност да изберат еден од четирите пакети на Neotel, NeoTrio 10, NeoTrio 20, NeoTrio 50 или NeoTrio 100.

img

Значително побрзиот интернет пристап, достапен со овие пакети е резултат на инвестицијата на Неотел во надградување и модернизирање на постоечката безжична мрежа и воведување  нови технологии. Ова модернизирање на безжичната мрежа, покрај побрзиот, овозможува и постабилен интернет сообраќај со едноставна опрема, без кабли, којашто брзо се инсталира. Додека пак со надградбата на оптичката мрежа, Неотел, оптичкиот интернет пристап од 100 Mbps со симетрична брзина, го направи достапен и за домашните корисници.

Побрзиот интернет пристап, од Неотел овозможува да ја почувствувате брзината на интернетот и потполно ново искуство во сурфањето, непречено гледање на омилените содржини, видеа или лајф стрим настани.

Тоа што понудата од Неотел ја прави поразлична од другите, покрај најбрзиот интернет пристап, е и телевизијата, neoTV. Во чекор со модерното време, neoTV нуди еден поинаков, модерен пристап во гледањето телевизија. Освен што ги овозможува сите предности, паузирање, премотување и снимање на програмата во живо, neoTV ги овозможува сите овие опции на кој било уред насекаде каде што има интернет.

Понудата со брз интернет и со попуст на претплатата во првите 3 месеци се однесува за сите нови договори со траење од 2 години за neoTrio пакетите што вклучуваат интернет, телевизија и телефон, како и за пакетите само за интернет и телефон. Промотивниот период е веќе започнат и ќе трае до 15 октомври 2017. Подетални информации се достапни на линкот.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 21 септември 2017 11:50:00
Напишано од Виолета


Последни вести

img

СВЕТСКИОТ ГОТВАЧКИ ВРВ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО СТРУМИЦА

Шеесетина врвни Master Chef судии и околу тристотина натпреварувачи и гости од цел свет, од утре ќе го отворат Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017. И по обемот и по квалитетот на имињата кои што нешто значат во светот на гастрономијата, овој настан е најголемиот кога било одржан кулинарски натпревар не само во нашата земја, туку и во поширокиот регион. Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, ќе се одвива од 24 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот Вила Парк. Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. 

img

Прилеп го одбележа државниот празник 23- ти Октомври

Годинава државниот празник 23 –ти Октомври Прилеп го одбележа скромно со положување на цвеќе на личностите кои го дале својот . По повод одбележувањето на државниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп и претставници од  политичката партија на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата положија свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев и  Ѓорче Петров, а една делегација се поклони и положи цвеќе на гробовите на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение и на гробот на  Методија Патчев, во Кадино село. При оваа пригода градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцира важноста од зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Р. Македонија.