Погромите на верата за време на Константин Велики

Погромите на верата за време на Константин Велики (1 дел, 2 дел, 3 дел), текст на Олга Новачева

img

1 дел

Во македонската историја од антиката па се до денес има низа недоследности кои ќе мораат да се чистат и преправаат. Нашите сознанија за пишаните  и официјално примени историски случувања се менуваат благодарејќи на низа новооткриени докази кои со векови и милениуми биле вешто прикривани. Треба да се поврзе македонската древна историја (антика) со средниот век за да го разбереме континуитетот на македонските династии. Треба да ја разбереме суштината на продолжување на македонското владеење во таканаречениот среден век. Многу е битно времето на Диоклецијан,а особено на Константин Први Велики кога настапува нова ера на македонските династии. Многу неразгатнати и погрешно интерпретирани записи наоѓаме во време на таканаречена Византија во периодот на Констанин Први Велики. 

Константин Велики - блескав стратег,умен и издржлив,го поврати сјајот на македонското царство, го востанови единството на Империјата. Неговото дело е огромно. Неговата слава во денешното православие е поврзана со востановување на христијанството. Константин Први Велики Flavius Valerius Constantinus роден на 27 февруари меѓу 275 и 280г. или 271-273г во Ниш. Во официјалните историски записи тој е римски и византиски император. До денес трае енигмата за Константин и неговата мисија, со многу скриени информации за неговото потекло и  неговата поврзаност со Македонизмот. Првите двеста до триста години од нашата ера на територија на тогашното Римско царство се случувале нереди,погроми,прогонувања на христијаните. Тоа било бурно време со илјадници поклоници на исконското христијанство. Време на прогони на гностиците и сите видови еретици,на христијани и ариевци,на недефинирани верски содржини, пропаднати култови,укинати Школи на Мистериите. Време кога на народот на сила му се одзема архетипскиот модел на верување.Тоа е еден мошне значаен период кога од македонска вера се создавала религија,поинаква,некому угодна. Тешко било тоа време, злокобно и несигурно. Тешко било да се отстапи местото на Зевс и Херакле, на Атина и на Дионис. Уште не стивнале Орфизмот и Зороастризмот,аријанството и ведското знаење.По испустената Атина, по опожарена Александриска библиотека се уште постоел голем простор со античко културно наследство. Жив доказ за милениумска традиција на постоење,живи траги на македонското владеење. За да ја разбереме улогата на Константин нужно е да се доближиме до неговиот предок царот Диоклецијан. Диоклецијан-Гај Аврелиј Валериј, 284-305г. македонски (римски) император, роден 245(236/7) умрел во 311г.(316) успеал да го поврати мирот,да ги смири страстите за да направи место, можеби и без да сака, на новосоздадената вера. Во книгата на Ристо Поповски ,,Теофанија- македонската принцеза,, тој е македонски цар. Приложуваме и еден друг показ за Диоклецијан дека е Македонец (цитат од еден линк) --Завртена влево стоечка фигура на  императорот во тога,на главата венец,во десната рака држиглобус--Грек  (http://goodhobby.ru/item/view/65). Со Грек (Грк) се обзнанува неговата припадност. Да напоменеме дека под Греки се подразбираат Македонци бидејќи Грци воопшто не постоеле во тоа време. За Диоклецијан се зборува дека е контроверзна личност,дека е и Месија и Антихрист истовремено. Како да се сфати ова?  Интересно видување за блиските личности на Диоклецијан ни дава Домагој Николиќ.:Во Диоклецијаново потесно семејство сите за кои се знае се светци:неговата сопруга Приска и ќерка Галерија наречени во матриологијата како Света Александра и Валерија. Диоклецијанов посинок (веројатно син) Константин,неговата љубовница Елена која живеела со него во царскиот двор во Никомедија исто така се канонизирани. 
http://nexus-svjetlost.com/kolumne/domagoj-nikolic/item/976-domagoj-nikolic-netko-je-oklevetao-arijhttp://www.youtube.com/watch?v=MyCoqkyEqYY

Се прашуваме како е тоа можно и дали воопшто историјата што ја знаеме за нив била таква? Ако е Месија подлежи на христијански принцип,што значи дека е подржувач на христијаните. Но се знае дека и ги прогонувал христијаните и затоа бил Антихрист. Каде е вистината? Сите прашања и заблуди околу ова можеме да ги решиме ако ја знаеме СОДРЖИНАТА на христијанството во тоа време. Тоа ќе значи треба да ги познаваме кои се основните принципи на тоа верување. Затоа што христијанството постоело и како гностичко или првопочетно,со поинакви постулати, со поинакви одлики од оние кои денес ги знаеме. Првото христијанство носело во себе елементи на античката филозофија со потполна воодушевеност за античката митологија која носела алегориска форма на политеизмот. Христијанството од тоа време било поврзано со одредени ритуали кои не ги отфрлаат ритуалите на македонските Мистерии,каде во тројството е застапена и машката и женската компонента како еден универзален принцип на опстојување и повторување. И култот кон сонцето односно чествувањето на сончевите зраци - било најприродна работа. Кога Диоклецијан абдицирал во 308 година тоа значи дека веќе не можел да се справи со новите со сила наметнати верувања и обреди. Не можел да се помири македонските свети ритуали да бидат прогласени како пагански или варварски. Тој создал релативно стабилна империја,но не можел да ги издржи римските, читај јудејско-семитски дејствувања и насилија врз животот на населението на новосоздаениот Рим. Во такви услови по низа битки околу превземање на престолот,него го наследува Константин. Енергичен,образуван,воспитуван да добива. Константин Први Велики се водел по одредена цел и по своја девиза --,,Јас  ќе одам толку далеку колку што ќе ми дозволи Оној што ме води,,-Се наоѓал меѓу моќта и верата,меѓу црквата и државата, меѓу Западот и Истокот. Што да прави Константин Велики со силните нереди внатре,со напади на дивите орди однадвор? Требаше да го смири царството,да ја смири хетерогената толпа со нова заедничка вера. Требаше со Нов Завет да се продолжи македонската традиција. Требаше,ама...Едно е да се сака нов поредок,друго е да се оствари тоа. Затоа морал да бега на исток,далеку од Рим,да гради ново царство. Настапиле нови услови,прераспределба на нови сили. Започна нов циклус,нова милениумска ера. Се менува знаењето,се менува духовната структура на човештвото. Европа сака да заживее,да биде своја, поинаква. Константин бил избран за цар од војската,како што се бирале наследните македонски владетели од древнина.Константин во меѓусебните судири за доминација ги поразил совладетелите и по примерот на Александар Македонски ја обновил империјата,проширувајќи ја од Египет до Шпанија и Англија. 
За Константин први Велики се поврзуват многу легенди и преданија кои го прават секогаш интересен за одгатнување на неговата моќ инеговата слава.Едната е поврзана со појавување на крст на небото кај Милвинскиот мост на Тибaр недалеку од Рим пред величествениот успех над Максенциј во 312 година. Тој видел ЗНАК и према него се водел. Според записот на неговиот биограф Еусебиус од Кесарија,  Константин Великиден пред борбата на сончевото небо го видел светлосниот крст на победата. Бил возбуден и неспокоен се додека навечер не се појавил Исус Христос и му рекол ,,Со него ќе победуваш,, (друга верзија за знакот е ,,Со овој знак, ќе освојуваш!“) Поради овој знак за една вечер наредил да се сменат ознаките на штитовите. Наредниот ден го победил Максенциј и го освоил Рим. Друга легенда која е малку позната е дека во тоа време  во Пророчиштето во Делфи пристигнува богојазлив човек да дознае за понатамошната судбина на Царството. После познатиот ритуал пророчицата му кажала дека веќе нема пророци и дека е крај. Тоа било исто така знак за Константин како да го продолжи царствувањето,што да прави со прогонувањето на христијаните.Знак дека целата историја на верата ќе се менува.За да го надмине насилството и сакатењето на оние кои пострадале токму поради исконската вера наследена од древната македонска традиција,Константин се сложил на извесни отстапки. За да обезбеди мир,да запрат прогоните и да се намалат жртвите, Константин морал да ги сублимира античките или древно македонските симболи со новороденото христијанство кое морало дасе појави под присила. Да го намири старото со новото,да ја поврзе старата со новата вера. Да го возобнови македонското царство. Ова треба да се разбере и да се прими како факт дека веќе двеилјади години се случува голема прелага. Најсилна е во верата и затоа се изменети симболите и основните тези на македонската доктрина.Христијанството не настанало веднаш туку требало преку изменување на суштинските насоки во верувањето да се промени.Се прави Нов Завет со нови конструкции.После епохата на Константин Први Велики се се извртува на штета на македонската исконска вера.


2 дел
 
Во периодот на владеење на Константин Први Велики се случуваат битни настани од верски карактер кои до ден денешен не се објаснети или се неправилно толкувани. Тоа е период кога се случуваат најкрвавите пресметки со приврзаниците на македонската вера. Оставен ни е аманетот да ја проучиме една од најинтересните епохи на препород на македонското царство. За последните 17 века се се направи за да се истисне блескавата македонска традиција која секогаш носи светлина во развојот на светот. Досегашното сфаќање за почетокот на христијанството веќе претрпува промени и зафаќа поинакво поимање за неговиот почеток  заедно со настанувањето на Новиот Завет. Потребно е да се ревидираат термините на паганството и на аријанството создадени насила и кои денес погрешно ни се претставуваат. Потребно е да се исчистат многу извртени тези за животот и делувањето на Константин  Велики кои ни се презентирани преку официјалните записи. Тие носат несигурност и сомнеж. Да наведеме дел од текстот превземен од официјалната македонска наука кој се однесува на  судирите во тогашното постоење на македонската империја. Со тенденција да го обезбеди единството во сложениот регион, Константин Први непосредно пред смртта ја инкорпонирал Македонија како диецеза во рамките на новоформираната централна префектура Италија-Илирик-Африка.Меѓутоа мошне брзои со сета жестина се појавила неодржливоста на единството на Римската империја во династички судирпомеѓу синовите на Константин кои ги спротивставиле различните политички и идеолошки концепции на Западот и Истокот. Ваквите тенденции посебно се рефлектирале врз Македонија која влегувајќи во политичко-идеолошката орбита на Западот се нафрла на самата граница на новите сфери на влијание. Цврсто застанувајќи зад Никејската догма и зад позициите на Западната црква Македонија не отстапувала од црковната определба ниту во периодот на доминација на аријанството за време на императорот Констанциј Втори (337-361).
http://www.scribd.com/doc/67790259/Istorija-Na-Makedonskiot-Narod-History-of-the-Macedonian-People  str. 74
 
Се поставуваат повеќе прашања во интерес на одгатнување на вистината. Која била Никејската догма поврзана со Западната Црква и дали навистина токму за време на Константин таа би можела да преовладува? Зарем е можно така лесно да се откаже од симболот на сонцето, од македонските антички богови кои судбоносно ги отсликувале  универзалните правила на Природата? Зошто Константин до крајот на својот живот го задржал сончевиот  симбол? Зошто ни се вели дека дури пред смртта бил покрстен од Еузебиус Цезарејски, за кого се вели дека е Аријанец и тоа во ариевска христијанска црква? Тема деликатна и претставува лизгав терен за објаснување. 
За да нема недоразбирање треба веднаш да укажеме дека христијанството имало свои фази на развиток, на прилагодување и менување во зависност од низа историски случувања. Оваа тема секогаш побудувала интерес и во секое доба имало истражувачи кои се обидувале да разјаснат многу нешта. Во последно време се` повеќе се назначуваат неколку придавки на христијанството како што се: рано христијанство или првопочетно, пра-христијанство, мистично, езотерично или гностичко, аријско, изворно и догматско христијанство.
 
Римјаните ги изгореле првите записи и ги протерале приврзаниците на првичното христијанство со цел да се продолжи со нивното владеење. Всушност ги убивале оние кои сакале да ја зачуваат милениумската традиција на вера и славење на Бога. Римската Црква ги превзела учењата кои биле зачувани во гностичките Евангелија, по своја желба ги преправила како нејзе и одговарало и таквите под сила и закон морале да се прифатат. Ги изгореле, но секако дека останале многу скриени докази кои укажуваат на се` поактуелната теза за првичноста на македонското наследство во вид на јазик и симболи.
Мајката на Александар Олимпија (Марија) му зборувала на Александар: Ти имаш аманет од твоите пра-пра-дедовци да тргнеш на својот истражувачко-ослободителен пат. Ти си синко одбран од Севишниот да ја реинкарнираш македонската цивилизација и култура. (Костурски П. и ПоповскиР.-„Александар Македонски-Македонизам“) Оваа порака за реинкарнација на македонската цивилизација и култура не е оставена само на времето на Александар. Таа има траен карактер и се пренесува дури до денешно време. Таа порака е за сите македонски династи, кралеви и цареви, за сите оние кои се прославиле токму со овој аманет. Меѓу нив е и Константин Први. Македонските кралеви биле и првосвештеници и војсководачи. Иницирани и воведени во тајното знаење токму поради аманетот за реинкарнација. Оттука треба да одбележиме некои назнаки кои ги поврзуваат македонските лози. Би назначиле три основни белези од времето на Константи Први. Тоа се: крстот, сонцето, знакот на божицата Атина кој е вметнат при осветувањето на градот Константинопол.
За крстот е веќе речено како визија на царот пред победата за освојување на Рим. Во официјалните записи постојат многу проблематични укажувања за култот кон сонцето поврзани со верувањето на Константин. Познат е култот на древните Македонци кон сонцето. Тие го славеле своето потекло, го празнувале и го одбележувале секаде. Да се потсетиме на Пердика кој црта магиски круг околу сончевата светлина покажувајќи со тоа дека е крал свештеник, посредник меѓу Македонците и боговите. За да има победи во војните војската морала да биде предводена токму од овие кралеви-свештеници.
 
Култот или обожувањето на сонцето е карактеристичен знак од најстари времиња и има низа документи, записи, артефакти кои го докажуваат сонцето како симбол на древните Македонци. При тоа да потенцираме дека осумзрачното сонце е постаро од традиционалното нам добро познато шеснаесетзрачно сонце. Константин бил војсководач и маг. Го нарекувале Врховен жрец. Пораснат и воспитуван во Никомедија (Мала Азија) во палатата на Диоклецијан, далеку од Рим, воспитуван да знае за потеклото на човештвото, за потеклото на Македонците. А потеклото на Македонците е поврзано со сонцето. Со светлината. Во 321 година го востановил празникот на сонцето за сите граѓани на единствената  држава. Недела како ден во седмицата бил ден на молитва и славење на сонцето. Бог е израз на сонцето, на светлината и топлината, на зародишот и на создавањето. Им зборувал на своите луѓе да кренат раце кон небото т.е. сонцето и да пеат: „Тебе единствен Те признаваме, како Бог и крал, Тебе Те повикуваме како наш спасител, од Тебе и со Тебе добиваме победи“. Овие наизглед ситни податоци можеби некому нема да бидат забележителни и затоа мора да кажеме дека она што беше Сонцето подоцна стана обележје на Бог Татко, а на Никејскиот Собор во 325 година неделата била одбрана за ден на воскреснувањето. Тој исто така ги спроведувал магичните (пагански) ритуали за заштита на жетвата и исцелување од болести. До 320-322 година на Константиновите споменици и пари се појавуваат сончеви симболи. 

За сонцето Бранко Сотировски ни дава интересен текст во својата чудесна книга ,,Зета Македонија“:За Македонците сонцето е единствено божество, а целата материја во макро и микро космосот е божја, исполнета со божјиот дух Македон. Космосот претставува божји пат низ сите делови на божествeниот поглед „ЅЕ“ во вселената преку молњата „Ѕ“- „ЅЕ“. Космосот или кос-мост е и патот на самото Сонце на небескиот свод. Кос–мос е и оската на божјата МА што претставува мост со својот наклон на четирите годишни периоди. Космосот е спој или љубовен допир на времето, материјата и просторот, спој  помеѓу сончевите зраци, наречени ИЛ и земјата наречена МА, која во прегратките на вселената оплодена од сончевите зраци создава плод за луѓето, боговите Македонци. Бранко Сотировски -,,Зета Македонија,, том први.
http://www.zetamacedonia.com/subcat/zeta_makedonija/tom_i-6903-6541-116
 
Ако космосот е патот на Сонцето и е спој меѓу ИЛ и Ма, се случува оплод и плод или создавање, ПРВИЧНО СОЗДАВАЊЕ, а како првично создавање дава Почеток, дава Ново, дава здраво семе за наследување како во Златно доба. Всушност, Константин се повикувал на култот на македонскиот Бог Или (Иле) и многу добро го знаел кодот на наследување. Но нам скоро две илјади години ни се нуди некаква латинизирана верзија е Sol Inkvictus што нема врска со македонскиот лингвистички код. Кога е вака напишано не воведува во заблуда и не дава вистинска слика за верата и верувањето на Константин. Постојат многу обредни ритуали за исцелување во кои особено е нагласено дочекувањето на првите сончеви зраци. Само тие ја имаат моќта на оздравување и на исполнување на молитвата. Метафизиката на сонцето допрва ќе се изучува и објаснува. Симболиката на Врховноста мора да е поврзана со Почетокот, а прославувањето на Сонцето е прослава на Почетокот или на Врховноста. Во македонската митологија Врховен е Ѕевс и затоа Константин никако не можел да не го чествува Ѕевс. Така, Врховна е и божицата Нут која како светлински (ѕвезден) лак ни ги објавува тајните. Нут како нешто примарно, а со тоа и таинствено, мора да има траен карактер пренесувајќи се во други поприземјени димензии.
Значи она што е Врховно мора да има одраз и на други помали димензии се` дури до маговите или жреците како извршители на аманетот на Севишниот Бог. Зборуваме за магови и жреци кои се позитивни, со просветлувачка цел, а тоа се чисто македонски. Но, да не заборавиме на постоење на црните магови (особено во првите две-три стотини години од новата ера) и за фактот што поради нивните лични интереси се  изменува целата историја на човештвото.
 
Името Константин има врвна симболика со значење - тиранин на ноќта. Ако метафизички го означува тиранизирањето на ноќта тогаш е јасно дека тој ја објавувал светлината и се борел за  светлината. Името е моќ, името е код. Затоа и синовите негови се Константин, Констанс, Констанције, сестра му Констанција и многу други наследници со тоа име, со што преносно или метафорички  се настојува да се одржи светлината. Во мај 330 година Царот Константин Велики ја предводел поворката со многу свештеници и со многу таканаречени пагански реликвии за да ги положат под столбот во знак на осветување на новиот град на царевите, прво наречен Константинопол, а подоцна Цариград.  Паганските реликвии во овој контекс се антички или древно македонски. За осветувањето на градот била искористена статуата на македонската божица Атина која Константин скришум ја донел од Рим. Сите свети реликвии од македонската антика се закопуваат под еден столб како носечки и моќни. Моќ и сила да се востанови нов град како продолжение на македонското Александрово царство.
 
Константинопол бил изграден на местото на разрушениот древен град В(Б)из-ант. Не случајно дадено име ако знаеме за постоење на Антите од тоа старо македонско време.  Константин бил македонски цар, наследник на Диоклецијан, генијален стратег и првосвештеник, владетел на Истокот и на Западот, бил обучуван во Никомедија (Мала Азија денес) одбран како да ја заштитува и да ја пренесува македонската династија. Морал добро да ја знае историјата на Македонија. И не само историјата. Кога одел да ги одреди границите на новиот град неговите поданици се чуделе што толку долго одел, а тој едноставно одговорил-Одам по Оној кој оди пред мене. Подоцна оваа алузија ќе биде искористена во христијанската идеологија во означувањето на поврзаноста на Исус и Јован Крстителот. Многу изреки и параболи на Константин подоцна се искористуваат во прикаските на Новиот Завет, но се разбира не во онаа правата вибрација и дејствување како на Константин. Зошто Константин токму Божицата Атина ја земал како основна реликвија? Од каде Константин го знаел ова? Зошто верувал во моќта на божицата Атина? Тоа ли е показател дека верувал во паганските богови? И зарем можел да се откаже од нив така немилоосрдно и така лесно? Како што знаеме Атина е симбол на првичноста. Атина, божица на мудроста. Ќерка на Зевс или на Диј или Здив, на Врховниот. Родена од неговата глава, поточно од неговата ушна школка. Симболиката на ушната школка не упатува на пресекот на легнатата осмица, каде од центарот на таа осмица започнуваат нови циклуси. Поточно тука, невидливото се овоплотува, се материјализира и станува видливо. Атина значи - родена од Почетокот. Затоа е и непорочна или невина. Нејзината симболика на непорочност подоцна ќе биде искористена за непорочно раѓање во многу култури. Креаторот или Врховниот го создал светот по една формула, по една шема која важи за се`. Оттука непорочноста или исконската девственост е фактор на пре-создавање на Божественото. И тоа следи, се повторува во различни циклуси се` до ден денешен.
 


3 дел

Четвртиот век од новата ера е многу битен во повеста на македонските династии. Градот на царевите- Константинопол со целата своја раскошна македонска архитектура и со оживеани антички вредности станува поле на верски раздори. Токму тука започнува процесот на уништување на македонската верска традиција. Токму тука се прави еден вид работилница  на создавање на христијанството. Официјалните записи велат дека Константин морал да ја синтетизира аријанската со православната вера,да го смири отпорот на следбениците на Ариј.  Иако за Ариј се вели дека е александриски свештеник и ученик на Лукијан од Антиохија, сепак неговото потекло и личност се завиткани во тајна. Во врска со прогоните од тоа време се судруваме со мошне проблематично тврдење дека биле прогонувани и Аријаните и христијаните и дека тоа се две противположени групи на верници. Во современата литература аријанството се поистоветува и со паганството како вера која се коси со принципите на христијанството. Но сепак, најмногу биле прогонувани христијаните,ни соопштуваат скоро сите истражувачи  кои се занимаваат со оваа тема.

Аријанство е учење според кое меѓу другото, Синот не е иста совршена креација како Отецот, што  не и одговарало на тогашната црква. Таа пак тврдела дека и Отецот и Синот се едносушни. На првиот вселенски собор во 325 година Аријаните ја губат битката и биле прогонети. Во врска со прогоните треба да се разграничи кое е и што е. Да, ќе речеме ги прогонувале христијаните, но да потенцираме- ги прогонувале аријските христијани.  Тоа е верата на нашите македонски предци. Значи не биле прогонувани христијаните, оние кои денес ги знаеме според официјалната литература туку овие кои го поддржувале исконското или изворното христијанство. Ги прогонувале нашите,Македонците, кои биле тврди и не сакале да отстапат од верувањето кое се пренесувало со милениуми. Замислете да ви наредат да не верувате во Големата мајка Ма или во Тројството, ви ја одземаат женската компонента без која не може да се замисли продолжување на родот? Татко,Мајка и Синот (породот) е логично и наједноставно наследување. Тајната на прогонувањата допрва ќе се отвори,а во интерес на вистината тука можеме да наведеме податок како наследниците на Константин Први се обидуваат со сите сили да ја афирмираат античката македонската  филозофија и култура во рамките на новото создадено македонско царство во Константинопол.

Пол Лемерл (Paul Lemerle ) истражувал како Византија (обновена Македонија) го спасувала античкото наследство кое како такво требало да остане во нашата денешна историја. Паганинот Темистије,како го бележат во тоа време,најмногу сторил за враќање и зачувување на старите записи на македонските мудреци. Се наведува негов најзначаен говор во чест на Констанције, синот на Константин Велики (337-361) од 1 јануари 357 година. Во тој говор му честита на царот дека од престолнината создал збирка на дела на античка (грчка?) македонска книжевност. Темистије изјавува дека Констанције на Цариград му ги прибавил сите блага кои би можеле да му ги дадат живите,и не само тие,туку и оние кои ги пружат мртвите. Тој ги воскреснува од гробовите душите на мудреците и јунаците од минатото. Душата на Мудрецот е Sophia nous и logos; гроб во која таа лежи се нејзините книги. Долго запоставени тие биле осудувани на брза пропаст. Костанције наредил тие да бидат вратени во живот и за овој потфат одредил еден старешина и парични средства. Што се однесува до работнците тоа не се ковачи, столари или ѕидари туку стручњаци во вештината на Кадмо и Паламед (писма), вешти да ја отргнат душата од нејзината стара облека и да ја пренесат во друга, нова и потрајна. Така наскоро ќе оживеат Платон,Аристотел, Демостен,Исократ и Тукидид. И нема да оживеат само тие туку и најголемите следбеници на Хомер и Хесиод, Хрисип,Зенон и Клеант и хоровите на Лицејот и Академијата и децата на Музите;со еден збор неброена војска на стара мудрост, дури и оние најретките и најскриените. Констације ги вратил сите од Адот, најпознатите и најучените- цветот на стара Грција(?) (Lemerle Paul-Byzance  et la tradition des lettres helleniques,,(Византија и традиција хеленске књижевности, Београд.1962). Од една страна се настојува да се пренесе целата древно македонска уметност и култура (Констанциј, подоцна Јулијан),од друга страна Константинопол станува еден вид на работилница на создавање на христијанството. Што тоа значи? Мислиме на активно превземање на севозможни мерки да се обликува нова вера, да се создаде религија. Од денешен аспект поимот религија го прифаќаме како сосема сфатлива категорија,но во тоа време не било така. Се случувале низа настани- од Никејските собори се до ново-пишани записи кои ќе станат основа на верската содржина. Каква е таа работилница? Кои и какви мерки се превземаат? Кои елементи ја одликуваат таа ера, таа скриена историја  на прилагодување на новите верски законитости? Во овој дел ќе приложиме неколку елементи преку кои може да се отслика промената на верските традиции на древните Македонци.

1.Се одземаат ритуалите и обредите на милениумска традиција.
Кога велиме дека се одземаат ритуалите на милениумската традиција мислиме на забрана на светите и на дел од обичните, секојдневните кои ги извршувале древните Македонци. Светите тајни, светото знаење од различни автори различно се објаснува со цел да се загуби трагата на Македонизмот. Ритуалите,светите тајни и церемониите вредни се во онаа мера во која ги потсетуваат луѓето кои во нив учествуваат на вистинската природа на нештата,на тоа што би требало да бидат и што би требало да биде нивната врска со светот и неговата Божествена Суштина. (Олдус Хаксли ,,Вечна филозофија,,)  Значи се случил прекин со сето она што постоело како одлика на целокупниот живот и култура на постоење на древните Македонци.

2.Ги забрануваат Мистериите. Се забрануваат Мистериите со сила,со казни и прогони. Целта е јасна да не ги потсетува на македонската вера,на патот на спознавањето,на просветлувањето.

3.Основната молитва ,,Оче наш,,која отсекогаш постоела, ја изменуваат. Основната молитва која ние денес ја знаеме постоела во тоа древно македонско време,но во поинаква форма и пеење. Во тие бурни времиња кога се прават сите усилија да се уништи македонскиот код, се менува дел од содржината на молитвата. Со таквата промена се менуваат вибрациите при молитвењето,а со тоа намалена е нејзината моќ. -Тајната која се крие во паметењето може да биде откриена. Д.Успенски во својата книга ,,Новиот модел на Универзумот,, во врска со молитвата ,,Оче наш,, вели-Потеклото на молитвата е непознато, во ,,Друг Алкибијад,, кај Платон,Сократ ја цитира молитвата која многу потсетува на ,,Оче наш,,. Се мисли дека молитвата има Питагорејско потекло. - Кај гностиците  молитвата ,,Оче наш,, која е е основна молитва на христијанството,била сосема поинаква од оваа што денес ја познаваме. Во апокрифот ,,Евангелие на идеален живот,, е напишано дека Исус им рекол на апостолите: Еве зошто треба да се молите —Оче наш кој си над нас и во нас да свети името Твое. Оваа варијанта веројатно се јавува како првопочетна или изворна молитвата. . (http://www.omkara.ru/madonna/part20.htm)
- Од страна на историчарите од британскиот национален музеј во мај 2002 година неочекувано бил пронајден досега непознат документ на египетски јазик со текст на молитва која е слична на нам добро позната молитва ,,Оче наш,,. Свитокот бил датиран од пред 1000 година п.н.е. Се изјаснило дека тоа била молитвата  на Ехнатон, познат фараон кој според историски извори вовел еднобожество во Египет,но кое не успеало да се задржи. Древниот текст скоро ја повторува молитвата на,, Оче наш,,  која денес ја познаваме.  
http://www.youtube.com/watch?v=VPqmLuYVzbIХристијанство

4. Божица Мајка како замена за Големата мајка Ма

Оставена е Божицата Ма,но сега изменета како девица Марија бидејќи овој култ бил најсилен и без него не би можело да се владее. Еден од најдобрите примери на таквото превземање на елементите од паганската религија е дозвола од страна на официјалната црква да се продолжи со обожовување на Божицата Мајка-со некои мали измени и со ново име. Како што кажавме многу пагани биле привлечени кон христијанството,но нивното обожавање кон Божицата Мајка било толку вкоренето што никако не сакале да го напуштат. Црквените водачи виделе ако во христијанството пронајдат сличности со обожовување на божицата Мајка наголемо ќе се зголеми бројот на верниците. А кој би можел да ја надомести ,,големата Мајка,, од паганската религија? Секако дека најлогично тоа би била Марија,Исусовата мајка. Зошто не би допуштиле на луѓето да продолжат со поклонување и со молитви на Божицата Мајка,ако ја наречат Марија место со имиња кои дотогаш биле познати.
(http://www.mediafire.com/view/?lrpboli8p2vn0p0 Ralf Vudrou—VAVILONSKA
MISTERIJSKA RELIGIJA Ideologija otpalog hrišćanstva –Metaphysica)

Празниците за Богородица се позајмени од тајните книги.
Според Ирена Сергеевна Свенцицка од Москва, која важи за угледен експерт во истражувањето на тајните книги на првите христијани, изучувањето на ракописите кои црквата ги нарекува тајни и фалшливи, а кои во реалноста биле многу почитувани во почетокот на нашата ера од значителен број верници-христијани, дава можност да се востанови вистинската историја на раното христијанство, но и да се разбере како се создавале светите книги. Тајните книги се вусшност древно македонски текстови,но тие со текот на време во првите три-четири века се забрануваат. Новиот Завет требаше да биде наследен од овие записи,но Црквата со воведување на догматското христијанство многу суштински работи нареди да се отстранат од нив. Тајните книги или апокрифните записи сепак денес се актуелни и се отвораат за јавноста. Со тоа можеме да видиме што и како е променето од исконската вера на Македонците. За да го придобијат народот и да владеат со него (бидејќи целата територија била македонска) морале да го востановат култот кон Богородица. Тоа го прават поради почитта и милениумската традиција на Македонците да ја слават  Големата Мајка - Ма.

 5.Се укинува верувањето во инкарнациите на душата. Со забрана на верувањето за инкарнација се раскинува врската со создавањето на човешвото,се губи правилната претстава за причинско-последични  поврзаности и се востановува нова идеологија на рајот и пеколот.

6.Објаснувањето за Спасението се извртува. Кој е Спасителот и од што нѐ спасува? Во денешните христијански молитви Спасителот е Исус Христос кој нѐ спасува од нашите грешки.Ако во денешото христијанство Спасението се бара преку црквата, пред тоа,пред погромите на верата, Спасението може секој сам да го постигне. Затоа и била изменета догмата за Спасението. Поранешното сфаќање на спасување било сосема поинакво. Орфејското учење фанатично објавува аскетска етика и религија на спасување. Сите македонски Мистерии се одвивале во знак на благодарност за самоспознанието кое ги води луѓето кон спасение. Спасението е чин против незнаење. Душата заробена во телото треба да дише и да управува, да создава племенитост. За ослободување на
духовната искра од темната душа го повикуваат Исус Христос Спасителот. Но  главната задача на Исус била да ја соопшти гносата (самоспознанието) преку која ќе се откријат сите тајни на скриениот пат.

 
7.Одземање на женскиот принцип од Тројството. Можеби најважната работа е што се одзеде женскиот принцип од Тројството,а тој е носител на инстинктот и интуицијата. Место да се остави едноставниот, природно разбирливиот универзален принцип на Татко,Мајка и Синот (односно породот) се затскрива женската компонента. Симболиката е нарушена. Со тоа се нарушува космичката рамнотежа, се губи суштинското сфаќање на двојноста во овој материјален свет. Поради овој елемент Богомилите подоцна најмногу биле прогонувани. Прикажувајќи ги разликите во официјалните,од една страна и тајните и недостапни записи,од друга страна, се обидуваме да дадеме правец кон новата ера во која повторно ќе се востанови рамнотежата меѓу науката и религијата,повторно ќе биде примарно самоспознанието. Тој правец полека се вживува во човековата психологија и свест, со тоа сите ние допринесуваме да се обзнани македонската вистина.

Збор-два за христијанство (1. дел)

Олга Новачева


Во основното индиско верување постои еден познат израз –маја. Маја означува илузија,привид или нереалност.Преведено на македонски народен израз тоа ќе се нарече ,,перде пред очите,,. Едноставно ти се става перде пред очите и ти светот го гледаш нереално,невистинито. Тогаш сите случувања на овој свет ти се чинат магловити,нечисти,неоткриени. Гледаш,а не гледаш правилно. Гледаш,а во тоа гледање нема вистинско видување,нема природен одек. Тоа е искривено гледање или илузија. Ти се чини и си сигурен дека е така,а всушност ништо не така и ништо не можеш да разбереш правилно. Нешто слично е и во прикаската на Платон за пештерата. Да се обидеме да ја спомнеме. Една група луѓе седат приковани и завртени према дното на пештерата,не можат да се помрднат наназад туку гледаат само пред себе.
Заробени се, а не го знаат тоа. Пештерата е осветлена со слаб пламен и на ѕидовите се појавуват сенки, се формираат слики од Некој какви што сака тој Некој. Тој Некој ги креира сенките како случувања кои тој ги осмислува и преку нив ги ,,храни,, закованите луѓе со информаци. И така долго време. Што ќе помислат луѓето од пештерата за нив,за тие сенки? Ќе помислат дека се вистинити па дури дека вон оваа пештера нема друг живот. А тој Некој кој ги залажува со привидот од сенките, знае многу повеќе за тој привид  како состојба на умот. Значи тој намерно управува со луѓето за да ги држи заробени во заблуди и незнаење. Или пак да се послужиме со македонскиот народен израз, им става перде на очите. И така тие привиди или тие состојби на илузија се на секој чекор во денешницата. Илузијата е одлика на ова време. Можеби така треба да биде за да се осознаеме преку неа. Зашто, како ќе знаеме што е добро,ако не знаеме што е лошо? Бидејќи привидот е состојба на умот може да се управува со него,со умот. Некој (или Некои) тоа добро го разбрале и превземале дејствија за да делуваат на состојбата на умот. Било со притисок, закани или на перфиден,подмолен и секако вештачки создаден мирен начин. Зошто ова го велиме. Затоа што кога сакаме да зборуваме за христијанството атеистите први имаат свои одговори за оваа состојба на верување. Тие имаат свој одбранбен став преку многубројните логични прашања за религијата. Веднаш ќе ве прашаат- а зошто имало толку многу крвопролевања, прогони,палежи,масовни убиства се во името на заштита на христијанството?Зошто толку жртви  запалени во име на христи-јанството? Зошто толку клеветнички прокоби за измислените еретици?Толку страдања на слободоумните и вистинољубивите?Зошто тоа христијанство не е компактно,  хомогено и зошто толку многу поделби внатре во него? Па зарем христијанството не е милосрдие, сочувство,љубов кон ближните? Кога станува збор за религија има две врсти реакции. Едната е помирлив став и понизност без никакви коментари,а ставот на другата е одбојност и негирање. Мрачна и светла истовремено. За секого различно доживувана. Кога некој поставува прашање во врска со религијата (и не само за неа) треба особено внимателно да се забележува како се наредени зборовите во прашањето и кои точно зборови се употребени во склоп на прашањето. Тоа значи треба да се биде стабилен и спокоен за да се прати низата на зборовите во прашањето,нивниот ритам,звучност,акцентираност. Така ќе може  да се одреди која и каква личност ви се обраќа. Тоа пак покажува колку таа личност е упатена во Божјата суштина. Колку е понизна или тоа воопшто не е. Тоа ќе ве води во вашиот одговор како да се одговори,а да се задоволи вистината. Вистината како и се друго има две страни. Треба да се препорача онаа која во моментот ќе ја задоволи правдата. Можеби религијата навистина е мрачна,неразбирлива,неприемчива. Но дека не е иста со верата тоа сигурно е. Верата е нешто друго,нешто што треба да биде исчистено од елементите на двојството. Вера како верување во знаење. Таа е чиста,светла,девичеста. Верата е излезена директно од Божјата суштина што ќе значи дека исчистена или една од најчистите содржини. Тема деликатна и претставува лизгав терен за објаснување. За да нема недоразбирање треба веднаш да укажеме дека христијанството имало свои фази на развиток,на менување во зависност од низа историски случувања. Оваа тема секогаш побудувала интерес и во секое доба имало истражувачи кои се обидувале да разјаснат многу нешта. Пред се тие дефинираат рано христијанство или првопочетно,пра-христијанство, мистично, езотерично или гностичко,изворно и догматско. На запад мистиците поминале некој пат кон ослободување на христијанството и неговото несреќно робување на историските факти (или поточно на разни мешавини на тогашните записи со подоцнежните заклучоци и фантазии кои во различни епохи се прифатени како историски факти). Од списите на Екхарт,Таулер и Рајсброек,Беме, Вилијем Ло и квекери би било возможно да се естрахира продуховено и универзално христијанство,чии прикаски би се однесувале на историја каква навистина била или каква некој подоцна ја замислил дека требало да биде, туку на ,,процесите кои вечно се одвиваат во човековото срце,, На жалост влијанието на тие мистици не било доволно силно да доведе до радикално махајанистичка револуција на запад. Наспроти тоа христијанството останало религија во која чистата Вечна Филозофија е прекриена повеќе или помалку со идолопоклонска одземеност на настаните како корисни средства.(Олдус Хаксли- ,,Вечна филозофија,,) И треба да се приоѓа на оваа тема со ново објаснување. Тука е потребата за обистинување на она што го направиле Некои Сили за да владеат со состојбата на умот. Христијанството денешно го викаат догматско за разлика од она првото кое го нарекуваат мистично. Веќе правиме разлика на тој поим. Едно со друго се разликуваат во фрекфенциите,односно во намалување на свесноста. Кога се намалува свесноста намерно,со сила и со скриени методи и третмани, тогаш велиме дека со таквата религија се владее со народот. Се владее со умот. И така пак доаѓаме до состојба на привид или маја. Ова е одлика на догматско христијанство, со смислена цел да се намали свесноста за постоењето, да се запре процесот на спознавањето и со самото тоа станува спротивно на гностичките принципи. Ние не зборуваме за моралните вредности кои ги проповедува црквата. Ние зборуваме за оние скриени нешта кои ја избличуваат исконската вера. Дејвид Ајк за христијантвото ќе каже:Ако сакате да знаете од каде навистина потекнува христијанството,почекајте. Тоа е преработено паганство кое може да се докаже дека е...Христијанството брилијантно е употребено како главно средство за отстранување на клучни знаења за широката јавност. Секој пат кога христијанството или некоја друга религија ќе го превземе надзорот над некоја држава или подрачје,древните текстови се криеле или се уништувале...Во името на хритијанството е уништена вистинската историја на човештвото. И тоа довело до пишување на алтернативна,измислена историја која го одвоила човекот од неговото вистинско потекло.Измислени се многу начини и средства како тивко и речиси невидливо да се истреби исконското паметење во себе. Тоа значи да се пригуши генетската меморија. Ќе кажеме за едно од тие средства,а тоа е јазикот. Зошто го велам ова? Најпрво да ни биде јасно дека во нашето физичко тело постои центар каде се прибрани сите информации од предците. Тоа е како семе,но кое е скриено длабоко и заспано. Детето се раѓа со сета таа полна содржина и никако не може да биде,,табула раза,,односно не е ,,празна табла,, како што не учат со векови. Разбудувањето на тоа ,,семе,, зависи од нашите вибрации. Тие вибрации намерно се изменети, за да не се разбудува тој центар,да не се сеќаваме кои сме и од каде сме. Со тоа се губи моќта на паметењето и на дејствувањето,се губи се што знаеле нашите пра-предци. Македонскиот древен јазик ги имал тие вибрации кои соодејствуваат со будење на ,,семето,,или центарот. Ако се употребуваат старите зборови, македонски,наши исконски,слоговни,со темни вокали, ќе се активира тоа семе, односно ќе се активира будењето на генетската меморија. И не случајно што во денешно време се појавија македонски палеолингвисти како Ташко Белчев.Васил Иљов, Одисеј Белчовски,школата на Аристотел Тентов и Бранко Сотировски  преку кои ќе се афирмираат пораките на предците. Тоа е нешто слично на мантрање или молитва. Но молитва каква што заслужува нашиот ум и тело,а не онаа која нам ни е поддадена како готов текст. А таквите молитви пред многу векови се  напишани во име на христијанството. За да се владее со остојбата на умот.

Збор-два за христијанство (2. дел)

Зборувајќи за христијанството ние се обидуваме да стигнеме до изворот на тоа христијанство. Се обидуваме да го најдеме тој вруток кога се создавало и човештвото и знаењето и верата во знаењето. Врутокот е најчистата вода и преку неа можеме да ја покажуваме вистинската историја на создавањето. Тука е вгнездено семето преку кое се рти почетокот во сите подоцнежни епохи,во сите новосоздадени ери и периоди.
Во денешно време доаѓаме до повторно приближување на религиските содржини со науката,до подигање на свесноста за неминовна заедничка врска на се што постои во природата одредена како Божествена Мудрост на Природата. Се погласни се настојувањата да се спои верата со науката,се посилни се научните експерименти преку кои се докажува ведското знаење. Еве еден пример: Додека го истражувале постоењето на функциите на ДНК записи и сенквенции во човечкиот геном, познат како ,,ѓубре ДНК,(така е наречен поради недостаток на познати функции на тој дел од ДНК),научниците од Институтот за технологија на Вајоминг (ОДП) дошле до сознание поради кое научниот свет е наполно шокиран: јазичните експерти идентификувале информации во форма на староарамејски јазик кои содржеле порака,,со првите зраци на утрото Бог создал се на земјата и на небото,, (http://media.mk/article/46755/sok-za-naucnicite-najden-fizicki-dokaz-dek-bog-postoi) Ако чинот на создавањето е запишан во нашата ДНК,тогаш тоа е код кој го носиме со создавањето на светот. Малку е необично што се
поврзуваме со создавањето на светот. Но тоа е до авторот на текстот кој сака да биде барем некаде во близина на почетокот. Во својата книга ,,Зета Македонија,, нашиот истражувач Бранко Сотировски објаснува на кој начин се се раѓа и оплодува,односно како се поврзани Небото и Земјата во чинот на создавањето. Пораката на оваа лигатура гласи: по љубовниот допир помеѓу сонцето и земјата, помеѓу таткото и мајката со помош на духот божји Македон и пролетта Дон или ЦУТ ќе се родат сите плодови на земјата. Сонцето со небескиот свод, преку буквата „А“ или пирамидата, се спушта на земјата како сончев зрак или дух божји Македон. А божјата земја МА во молитвен став на раширени раце, го прима сончевиот зрак преку буквата „У“ и буквата С“ што значи УС или ВО УСНИТЕ, за да ја оплоди со „оплод“, „орос“, „роса“.---Богородица, од црквата Пресвета Богородица Привлептос, Охрид, Република Македонија изградена во 1295г.(стр.11) Богот ИЛ синоним за сончев зрак е синоним за молњата на божји Ѕеус. Зборот „ЅЕ-УС“ не е божество, тоа е божја карактеристика. Тоа е манифестација на силата на оплодувачката божја моќ. Богот ИЛИ се огласува, со силен блесок и тресок влегувајќи во усните на земјата. По чинот на спојување, настапува оплодувањето преку виножитото со ситна роса, орос оплод или сперматозоиди на духот божји Македон. Според напишаниот текст божјата молња „ЅЕ“ мора со специјални обреди да се предизвика. Обредот за предизвикување на почеток од оплодувањето е стар со стотици и илјадници години а сè уште е жив на Македонскиот Полуостров под името „Додолски обредни песни". Овој текст ни зборува токму за тој почеток на оплодување,на спојот меѓу небото и земјата преку првиот сончев зрак. Мајката земја МА со раширени раце го прима тој сончев зрак и на тој начин се оплодува. Многу египетски божици исто така се претставени во став на раширени раце. Иако овој текст не потсетува на некакви пагански обреди,на додолски обредни песни, тој само ни ја покажува древноста на создавањето за кое нашите предци Македонци знаеле, а што било насилно прекинато со догматското христијанство. 
(https://www.youtube.com/watch?v=at-wXaHQ21Q  -македонски фолкор,везови на носии).Наизглед необично толкување за спојот меѓу небото и земјата како чин на создавањето. Многу поразличен од она што е запишано во Библијата. Но,сето ова подоцна станува дел од таканаречената апокрифна литература,скриена и забранета илјадници години. Во Египет Библијата е канонизирана во четвртиот и петтиот век,а апокрифната литература останала и понатаму популарна меѓу египетските христијани,посебно кај свештениците. Римската империја, поточно римската црква, ги превзела учењата кои биле зачувани во гностичките Евангелија,по своја желба ги преправила. Поточно не се работи буквално за желба туку за интерес и намера. Римјаните ги изгореле првите записи и ги протерале приврзаниците на првичното христијанство со цел да продолжат да владеат со нив преку свои репресивни мерки. Всушност, ги убивале оние кои сакале да ја зачуваат милениумскататрадиција на вера и славење на Бога. Ги изгореле,но секако дека останале многу скриени докази кои укажуваат на тезата на првичноста на македонското наследство во вид на јазик и симболи. Тука да го споменеме времето кога за време на Римска империја се пресоздавало христијанството. Зошто велиме дека се пресоздавало? Затоа што повторно се создавало, но сега со други атрибути од оние првичните. Да се потсетиме на симболот кој го вовел Константин кој божем бил означен на небото како визија непосредно пред одлучувачката битка кај Милвинскиот мост пред Рим. На него е насликан крст,во вид на Х чиј врв завршува со нам познатата буква Р. Токму тој и таков знак Х(Р)ристос нам ни го објаснуваат како негова визија и токму со тој знак секогаш ќе се победува. Но древните записи ни зборуваат за една поинаква интерпретација на овој знак. Буквите Х и Р се аналогни на ,,Кхи,, и ,,Рхо,, при што ,,Кхи,,е ,,Ки,, или ,,Чи,, познати како животна енергија, а Рхо не потсетува на род или раѓање или повторување. И бидејќи буквата ,,х,, не постоела во тие древни времиња, христијанството се нарекувало кр(е)стијанство (за буквата ,,х,, може да се види  во ,,Знаци на Македонизмот,, -О.Н.стр.173).
Тоа ни објаснува како една животна сила створена на Почетокот се пресоздава,се преродува во сите димензии и во сите епохи на постоење. При тоа крстот е симбол на вечен препород во движење или во вечно вртење. Тоа е коловрт,често насликан на македонските артефакти. Она што го нарекуваат паганизам или мистицизам во себе ја носи формулата на пресоздавање на животната енергија. Од антиката или древната македонска митологија, која всушност претставува реален свет, многу митови се преправени и прилагодени за новиот начин на презентирање и верување. Основните белези на Исусовото учење се настанати многу пред времето кое официјалната литература ни го прикажува. Исусовите параболи се само пренос на древното или почетното христијанство. Многу стари легенди кои биле поврзани со паганските богови едноставно биле пренесени на светците. Католичката енциклопедија дури отворено кажува дека тие легенди ја повторуваат концепцијата која се наоѓа во предхристијанските религиски приказни...Тие легенди не се христијански туку се само христијанизирани...Било лесно да се пренесат концепциите кои луѓето на антиката ги имале за своите херои на христијанските маченици. Тој трансфер бил спроведен во бројни случаеви кога тогаш христијанските светци станале наследници на локалните божества,а христијанското богослужење го потиснало старото локално богослужење. Тоа нам ни ги објаснува голем број сличности меѓу боговите и светците.
Ralf Vudrou—VAVILONSKA MISTERIJSKA RELIGIJA Ideologija otpalog hrišćanstva –Metaphysica) http://www.mediafire.com/view/?lrpboli8p2vn0p0
Денес од црквата е забрането да се зборува за медитација зашто таа претствува директен контакт со Бога. Денес не смее да се зборува за реинкарнација зашто таа претставува круг на овоплотување на душата која се чисти преку земското опстојување и на овој начин се случува самоспознавање и чистење на гревовите. Самиот чин на самоспознавање е одлика на гностицизмот и генерално тоа е знаење од изворните Веди. Од изворните Веди води потекло почетното или раното христијанство. А Ведите се македонски со етимолошко значење на вид, вид-елина,вид-ување преку блесок, про-вид-ување со светлина. Во нив е запечатен гностичкиот лингвистички код. Како можело полесно да се совлада и запре милениумската традиција на Македонците, нивното верување, нивната поврзаност со древните божества,а истовремено да се наметне нов вид вера означена како христијанство? Требало да се создаде нова религија која ќе ги направи луѓето зависни од црквата т.е. од оние кои владеат со неа. Некогашната вера како знаење станала прилагодена религија. Поимот религија е превземен од латинскиот јазик. Римските писатели го извеле од глаголот релегере што значи повторно да се чита,повторно да се размислува. Римјаните овој поим најпрво го сметале за свој со значење исполнување на должноста За разлика од него словенскиот израз вера има значење на верување или ја носи пораката ,,да се држиш до вистината,,. Да се држиш до вистината е аманет од нашите пра-пра-предци. Тоа е кодирана порака која не се губи туку е втисната во ДНК, во нашата генетска меморија. Славните визионери и умови се пример за тоа. Големиот руски писател Лав Толстој како одговор на Синодот го потврдил својот прекин со црквата со следните зборови: Тоа што се одреков од црквата, која се нарекува себеси православна, е сосема справедливо. Но се одреков од неа не затоа што јас сум против Господа, туку напротив токму затоа што со сите сили на душата сакам да Му служам Нему. А до еромонахот Арсение има запишано: Душата живе само тогаш кога живее во Бог и со Бог. Но кога таа се оддалечува од Него со помош на секакви гревови,тогаш таа умира, станува мрачна и тажна, затоа се случуваат
убиства и самоубиства. Бог е љубов и душата наша е Негово пројавување. Патот на нашиот живот станува јасен и радосен и преминот кон другиот живот т.е. враќање кон Богот на љубовта не може за нас да биде страшно. Освен тоа верувајќи во ова ние се совпаѓаме со верата на најдобрите луѓе на целиот свет, со мудреците на Кина, Индија Древна Грција?, Рим и др. Верувајќи во догмите на својата црква во тајни, икони,мошти и чудеса ние се разијдуваме не само со целото човештво туку и со многу христијански вероисповеди. Секако дека древна Грција во текстот на Толстој е Македонија што безброј пати е докажано. Веруваќи во догмите ние се разијдуваме со она што го носиме во себе како код,како потсетник на она што сме. Верувајќи во она што ни го проповедува догматското христијанство ние се отклонуваме од патеката на просветлување,од искрата на светлината која ја носиме  и преку која треба да се разоткриваме и да се самоспознаваме.

Извор: Зета Македонија

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 14 август 2017 08:58:00
Напишано од Виолета


Последни вести

img

СВЕТСКИОТ ГОТВАЧКИ ВРВ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО СТРУМИЦА

Шеесетина врвни Master Chef судии и околу тристотина натпреварувачи и гости од цел свет, од утре ќе го отворат Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017. И по обемот и по квалитетот на имињата кои што нешто значат во светот на гастрономијата, овој настан е најголемиот кога било одржан кулинарски натпревар не само во нашата земја, туку и во поширокиот регион. Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, ќе се одвива од 24 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот Вила Парк. Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. 

img

Прилеп го одбележа државниот празник 23- ти Октомври

Годинава државниот празник 23 –ти Октомври Прилеп го одбележа скромно со положување на цвеќе на личностите кои го дале својот . По повод одбележувањето на државниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп и претставници од  политичката партија на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата положија свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев и  Ѓорче Петров, а една делегација се поклони и положи цвеќе на гробовите на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение и на гробот на  Методија Патчев, во Кадино село. При оваа пригода градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцира важноста од зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Р. Македонија.