Следната недела изненадување од Sarah Mace и Дамјан Пејчиноски

Кога се работи за изненадување и нешто несекојдневно, Sarah Mace и Дамјан Пејчиноски секогаш се инвентивни со нови и оригинални идеи. Соработката, која започна со „Немам пари“ и видео записот кој ја размрда македонската естрада, продолжува, но овој пат со нешто сосема поинакво.

img

Од организаторите се најавува нова песна и видео запис на Sarah Mace, насловена како „Лажев јас“, во кој повторно креативно ќе се појави младиот музички виртуоз Дамјан Пејчиноски.

Водени од одлично синхронизираната артистичка елација, овие два исклучителни македонски музичари со своите песни и изведби, секогаш допираат до сетилата на своите слушатели, а не потфрлаат да ги поттикнат и размислувањата и ставовите во општеството.

За што станува збор, македонската јавност ќе дознае наредната недела.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 19 мај 2017 11:56:00
Напишано од Виолета



Последни вести