Започна изградбата на канализационата мрежа во Канатларци

Денеска започна изградбата на секундарната канализациона мрежа во прилепското населено место Канатларци.

img

Секундарната канализациона мрежа се гради согласно годишната програма за комунално уредување за 2017 година усвоена од Советот на Општина Прилеп.

Се поставуваат приклучоци до сите парцели на жителите.

Откако ќе заврши поставувањето на канализацијата мрежа во Канатларци ќе се започне со изградба на секундарна канализациона мрежа и во населените места Мало Коњари и Големо Коњари, која исто така влегува во годишната програма за комунално уредување за 2017 година.

Целиот овој проект, за кој се поминати и тендерските постапки, изнесува 3 милиони денари.

 

Facebook impact:

Објавено петок, 13 октомври 2017 04:22:00
Напишано од Виолета


Последни вести