ДЕМОРАЛИЗИРАЊЕ, ТЕРМИНАЛНА ФАЗА

Сум гледал стотици претстави драги мои. Комедии, трагедии, бурлески, пантомими, поп-арт,.... Ништо не може да се спореди со она што го видов на 27-ми Април лето Господово 2017 во македонското собрание.

img
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ

Ќе бидам краток и прецизен зошто времињата се турболентни и ситуацијата се менува и ескалира од час во час. Агендата е јасна, поништување на Македонија и промовирање на Голема Албанија на балканот. Ако тоа до сега не ви е јасно јас не можам да ви помогнам, би било тоа губење време и драгоцени редови медиумски простор. Драматургот и чадорот, потпомогнати од Волшебникот од Оз одиграа брилијантна симултанка. Нас ни остана само горчливиот вкус во устата и фактот дека сме оставени сами. Знаевме дека така ќе биде. Знаевме една година однапред само утопистички се надевавме на освестување.

Надежта заврши минатиот четврток во 23.30. Сега ви е јасно. Сами сме, ние и улицата. Влогот е истиот за кој напишав 50-тина колумни изминатиов период, Македонија. Народе, времето дојде. Не време за очај и самосожалување, не време за дефетизам и деморализирање, не време за прифаќање на судбината како неизбежно нешто туку за нејзино креирање. Поентата на настаните од четвртокот беше токму таа. Да не откаже, да ни ја скрши вољата, да ни ја касне душата, да ја прифатиме проектираната судбина како неизбежна и да легнеме долу. Спремни за колење. Травестијата е дотолку поголема што овој колеж треба да биде харикири, ритуално самоубиство, за никој и никогаш повеќе не ги изговори зборовите Македонија, Македонци, Македонско..... Претставата во четвртокот беше фаталистички концепт во кој требаше да ни се пренесе пораката – се е договорено, немате спас, ајде сега поништете се сами себеси, избришете се од историјата самите зошто така помалку ќе ве боли. Не почитувани мои и драги Македонци – така ќе не снема, а ќе боли многу. И драмолетките што следеа следните денови по влезот во собранието беа за таа цел. Хојт-Ји, Талат во канцеларијата натопорен со албанското знаме да ви пренесе дека враќање нема, Жбогар седнат до него се поздравува, го легитимира.... Тоа се се претстави за нас драги мои, за Народот на улиците зошто ние сме последната пречка во мастер планот на неоконите за овие територии. Нас сакаат да не вратат дома, пред телевизор, по гаќи, додека тие ни ја ебат мајка Македонија. Сето тоа на live TV. Системот го демонтираа три години. Со вонуставни договори, преговори, пракси, снимки, тела и институции.

Ние бевме дома додека шарените платени куртони ги правеа своите сатански оргии на наша очиглед и неверување. Верувавме во правда, во легализам, во државност и рбет на некои луѓе. Добивме поплава од фрази и рециклирани слогани. Што сакат да направат овие монструми? Што им е толку битно? Што има Македонија што толку неопходно им треба, до толку што се подготвени да не избришат од картата на светот? Едноставно – територија. Прво, регионот на селото Лазарат и уште три региона кои функционираат за производство на марихуана во Албанија не можат да постигнат со производството колку што Европа може да испуши. Додека за кокаинот е доволно да купиш обична просторија со 4 ѕида за да го подигнеш производството поради поголема побарувачка, за марихуаната ти треба територија, полиња на кои ќе ја садиш, кај што ќе расне. Територијата е Илирида а плодната почва и прекрасното Македонско сонце во полошката котлина се идеални за таа намена. Територијата мора да е контролирана од Албанци затоа што тие со децении се покажуваат како криминален партнер од доверба и дискреција. Косово фура кокаин, а североисточна Албанија и Илирида која е во создавање треба да ги задоволуваат потребите на западно европските лицемери за марихуана. Но територија исто така треба и за да се контролира мирн и послушна Европа. Големата порта ( Турција ) веќе ретерира и не сака да ги задржува мигрантите кај себе по никоја цена. Тука Ердоган и го забодува ножот во грб на Германија и Меркел која толку труд даде за да го симне од власт заедно со нејзините неоконски другарчиња од дип стејтот.  

Кармата, кучка била. Сега Турција ја отвора ширум големата порта. Македонија, Малата порта се покажа многу цврста. Мигрантската поплава беше планирана за минатата година но Македонија не дозволи. Издржа. Сметаа на политичката нестабилност, климавите институции и хаосот создаден од предизборните пермутации по министерствата. Не им пројде. Како секогаш историски, Македонија се покажа тврд орев. Планот кој е сега во тек и оди како подмачкан а за кој ви пишував уште минатата година, е да се донесе лабилна власт, со шизофреникот Заев на чело кој за личната безбедност и финансиска благосостојба ќе стори СЕ ! Планот е малата порта Македонија да попушти и голем дел од мигрантите инфилтрирани со терористи да завршат на својата финална дестинација – во развиените земји на Западна Европа. Добар дел од нив 300.000 до 500.000 треба „привремено“ да останат во кампови во Македонија и ќе служат за заплашување ако некоја од тие некогаш независни Европски гиганти се одважи да писне нешто против Новиот Светски Поредок. Затоа им треба Македонија, пола да биде ефтин бегалски камп, а другата половина за производство на марихуана.

Ефтино и ефикасно. Е тука доаѓаме ние. Ние треба да ги спречиме нашите ЈУДИ од собранието ( од сите партии ) да ја исполнат последната фаза на големата игра на Волшебникот од ОЗ. Некои меѓу вас ќе речат, па сила е тоа, зошто не ни се заканат со сила? Затоа што е привремено и нестабилно решение. Вака, со убиен дух, деморализиран народ и пратеници Македонци кои ќе стиснат копче во собрание за самоукинување – решението е за навек. Што ќе речеме потоа? Извинете но тие не се наши претставници? Ќе ви плеснат во фаца дека тоа се луѓето избрани од нас, на НАЈНАЈДемократските и најслободни и најфер избори на кои НИКОЈ немаше забелешка. Толку, Енде, Финито. Е тука ние пречиме, ние самосвесните на улиците кои сакаме модерна, функционална, праведна, светска Македонија која ќе си живее од сопствените ресурси и можности сложно и во благосостојба за сите. Затоа нека не ве фаќа депресија. ПРОТИВ НАРОД НЕ МОЖАТ. Сите наметнати институции, со квази гласања во сатанистички круг се неважечки. Снимки од собрание има и веќе се заокружени на нив САМО 58 подигнати раце за граџанинот Талат. Сведоци на нелегалноста на самата процедура сме самите ние и нашите сочувани снимки од сите денови кои доведоа до таа кулминација на квислиншкото оргијање. Ние сме многу тие се грст – ДА ИМ ГО ПОКАЖЕМЕ ТОА НА УЛИЦА.

И нека не ве мрзи, нека не ве боли. Ако ова им помине нема ни живот ни благосостојба за нас. Од сопственици ќе станеме кираџии, од народ – аморфна маса. Ќе ни ги воведат назад визите и не ќе можете да мрднете ниту до Грција а да не зборувам за понатаму без 10 дена процедура зошто ќе бидете граѓани на високоризично ПОДРАЧЈЕ. Тоа ни го спремаат, како казна за нашиот  непокор. Финтата е – преку нас не можат. Затоа денес, на овој ден на кој го чествуваме големиот Македонски син ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ излезете надвор, прошетајте од влада до собрание. Кога ќе бидеме 300.000 ќе ви стане јасно. Време е да ги заборавиме бајките за 500 евра плата, ефтини струи и курци и да се разбудиме од комата. НИШТО од тоа нема да има. Зтоа прегрни го својот брат, комшија, тетка, вујна, син – без разлика дали е јебен комуњар или жмроња, и заедно дојдете пред влада. Бројката ги плаши, бројката ни е излезот. А нашите меѓусебни недоразбирања ќе си ги решиме дома, на наша маса, заедно....

За МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ, ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

 Алекс Ванко

Писател, филозоф, аналитичар

Facebook impact:

Објавено четврток, 04 мај 2017 11:33:00
Напишано од Виолета



Последни вести