Душа ме боли за СД "Гоце Делчев"

Yes, this is a student dormitory, and yes, there are 1200+ students living in it as we speak - за жал, за најжал!

img

Е навистина душа ме боли. На мал милион македонски сајтови се појавија сликите од студентскиот дом Гоце Делчев, ама тоа не е болното. Не е тоа страшно, оти колку толку, ние тука во државичкава си знаеме што и колку вреди, а за тие што не знаат добро е да се запознаат, ама тука, во рамките на државичката. Јас сум живеел во тој дом и не е лага, така е, баш како на сликите. На сликите не може да се претстави дека е слабо парното и дека топлата вода знае да биде и луксуз, па во јануари мора по другите блокови да си го бараш чарето за хигиена, еве јас ќе ви кажам дека е така, ако некоја друга “жртва” пред мене не стигнала да ви каже. Навистина треба да се притиска за реконструкција на домот, и треба сите да знаат како им е на студентите во него, а и на родителите на тие студенти, оти тие сакаат, ама не можат на своите деца да им овозможат трособен стан во Центар, со нов мебел и клима уред.

Како што во рамките на едно семејство, остануваат проблемите на тоа семејство, така и маките што си ги имаме во државичкава, треба да си останат меѓу нас. Ама проклет да е неартикулираниов сајбер простор на кој ова го пишувам во моментов. Поголема, посилна, поуверлива антимакедонска реклама од оваа не можеше да излезе. “Yes, this is a student dormitory, and yes, there are 1200+ students living in it as we speak”, е ова е насловот на, мислам американскиот портал imgur.com. Кликнете, кликнете на насловот и погледнете, ако случајно до сега на ви се појавило на почетна. Гледате колку сме познати. Е оти преку океанот мајтап си прават со нас, е за тоа душа ме боли. Па и под секоја слика си има опис, опис на место. Оти цел свет ќе знае, е за тоа душа ме боли. И додека живеев во тој дом душа ме болеше, ама сега повеќе ме боли.

Јасно дека многу од вас ве боли за ова, оти вие секако не мислите да останете во државава. Да, многу од вас така мислат, ама кога ќе отидете по тоа Америките да работите и кога ќе му кажете дека сте од Македонија, ќе им биде шубе да се дружат со вас, да не имате некоја болест, оти таква слика сме оставиле. Уживаме во антимакедонските реклами, е за тоа душа ме боли. Јас сум живеел во тој дом, а и многу други кои ги познавам сеуште живеат во него и се луѓе на место, ама сега светот ќе не стави во класата со средноафриканските земји. Епа и вас треба душа да ве боли!

Г. Ангелески

Facebook impact:

Тагови:

Објавено вторник, 11 март 2014 15:32
Напишано од Гоце




Барај

Последни вести

img
Стевананџија: Гласот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијатае глас за проверена опција

Димитар Стевананџија е роден 03.10.1976 во Прилеп. Оженет со Јулијана, татко на две деца, Кирил и Никола. Дипломиран професор по македонски јазик во Гимназијата Мирче Ацев-Прилеп, претходно работел како шеф на кабинетот на градоначалникот Марјан Ристески. Член на ОК ВМРО-ДПМНЕ од 2002 година, портпарол на ОК до 2005 година, член на советот на Општина Прилеп од 2005, носител на листа на советници за последните локални избори и претседател на Советот на Прилеп, еден мандат. Член е на централната комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. Избран е за пратеник во последниот Собраниски состав. Во Собранието бил заменик член на Национален совет за евроинтеграции, како и на Комисијата за образование, наука и спорт, а редовен член  на Комисија за одбрана и безбедност. Стевананџија бил заменик член на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), а член на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, и член на  Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија. На овие избори е кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во ИЕ4.