Kако Заев го запали македонскиот парламент

Општопознатото сценарио со палењето на германскиот Рајхстаг во 1933, очигледно, им беше најомилена лекција по историја на оние што на 27 април ја изведоа онаа самрачна гангстерска драмолетка во македонското Собрание. 

img

Инсценирај, запали, обвини, ослободи се од своите политички противници! Нацистите во тие нешта беа навистина мајстори, а еве современава историја ни покажува дека тие, за жал, и денес имаат свои верни фанови, како што е групата партиски насилници што некни, без срам и перде, се обидоа да извршат гнасен државен удар во срцето на македонската државност и законодавност – во македонскиот парламент.

За таа лекција научена од најцрната историја на Европа, кај своите нарачатели од Албанија, Kосово, и кај нивните протектори од Америка и Европската заедница едвај ќе извлечат двојка, но никако не и петка. Имено, иако мора да им се признае дека во тој подмолен чин се впуштија крајно уличарски дрско и невоспитано, што само на тој начин од нив и можеше да се очекува, па дури тоа со денови и го најавуваа, сепак пресвртничкиот перформанс им испадна ептен дилетантски и провиден, па така целиот свет можеше да ја види сета карикатуралност и беда на таа гангстерска едночинка, изведена од обневидени политички креатури, вистински отпадници од демократијата.

Еве како се случи тоа. Редовната конститутивна седница на Собранието за тој ден беше уредно заклучена, и парламентарците полека почнаа да си заминуваат. И тогаш седокосиот Ферид Мухиќ, кој за жал својата филозофска мудрост тој пеколен ден си ја заборавил дома, наеднаш викна, се провикна: „Сега му е мајката!“ – и бесната предавничка и големоалбанска клика се стрча околу него, а Зоран Заев револверашки брзопотезно од едно место си го извади, малку го забриша, со целувка го благослови и на Талат Џафери му го предаде на широка демократска употреба над македонскиот народ и на народностите прочуеното големото фрчкаво пенкало со јајца на крајот. Аферим, бре, Заев! За доброто на македонскиот народ можеше и да си го оставиш таму каде што ти беше. Иако тие на кои им го даде, многу бргу пак ќе ти го вратат на истото место, но уште поголемо, и тоа со првокласна салмонела, да имаш со што да се гордееш, како ти, така и фрчкнатиот креатор на тој револуционерен демократски пронајдок во кој и самиот ќе има можност да се наужива.

Црна се чума зададе

над Македонија

Смирен, секогаш цинично насмеан, големиот демократ и ангажиран Европеец Јоханес Хан, восхитен од настаните, кои очигледно, како и нашите домашни дипломатски крлежи, по моби-линк ги следеше во реалното време, и воодушевен од толкав висок степен на непочитување на демократските, законски и уставни процедури во работата на македонскиот парламент, веднаш ведро изјави: „Добро е, демократијата мора да оди напред!“

Ве молам, почитувани, простете што ќе се изразам прекултурно: но го боли Јоханес Хан за Македонија! Kако црна чума ни се зададоа тие и таквите загрижени за нас и за нашата судбина, и заедно со домашните херпес-предавници и херпес-големоалбанци, ни го скараа и ни го поделија народот со фрлена трошка космополитиски и не знам какви с` не илузии и глупости.

Сто и педесет години без прекин македонскиот народ мачно крвави поради европските и светски неранимајковци што си играат мајтап со нас и со нашата судбина, што безмилосно ни го растураа, ни го растурија, и натаму ни го растураат домот, нашата татковина Македонија, што немилосрдно н` убиваа, што н` раселуваа и н` раселија, што н` денационализираа и што подмолно н` раскаруваа меѓу самите себе – и уште не им е доста!

Јагнето и волкот

Но, на македонскиот народ му е доста! Доста ни е да слушаме како јагнето му ја мати водата на волкот! А бе, н` изедоа, и пак ние сме кабаетлии! И токму затоа, презаситен од понижувања и навреди од никаквеци, домашни и странски, народот некни оправдано пламна и влезе во Собранието да си ја брани својата матица, да си го брани својот законодавен дом, своето име и интегритет, своето минато и својата иднина. Домашните политичари нека бараат и нека наоѓаат фини зборови за да ја загладуваат грубоста на настаните, и тоа е во ред, тоа им е работа, но на општата префинетост и цивилизациска деликатност во осудувањето на физичките пресметки до кои дојде, од тепаниот предавнички лидер Заев слушаме само најгруби закани од бесната, запенета уста, а од далечната Америка и од, парадоксално, уште подалечната Европа ни стасуваат само студени официјални пораки дека тие убаво ќе соработувале со криминално избраниот Талат Џафери. Па кој е тука луд?! Тоа сигурно не е македонскиот народ, кој многу добро знае што му се прави и што уште му се готви.

Револверашката

демократија на Заев

На тој „свечен“ ден, на тој „празник“ на нашата „демократија“, како што го доживеа вдахновениот Зоран Заев, тој и сосема јасно му покажа на целиот свет како мисли да ја води државата. Парламентарците, идните членовите на владата и нивните телохранители, во иднина на седниците во Собранието и во владата ќе доаѓаат добро вооружени со пиштоли, мавзери и со друго софистицирано оружје, и штом нешто запне во дискусијата ќе го прашаат лидерот „претседателе, да пукаме ли?“ – а тој ќе рече „пукајте“, како што направи на 27 април во Собранието, и тие пукаа; а пак на оние што не му се по волја ќе им рече: „бегајте што подалеку, да не ве видам!“ – како што убаво си се изрази на прес-конференцијата наредниот ден. Супер! Државнички! Само што Македонија, господине Заев, не е Сицилија, и тој ваш калем нема тука да се фати. Вам ви е многу добро познато каде во најблиското наше соседство совршено успешно цути и се шири таквиот грозоморен мафијашки, револверашки бршлен.

Заев нов влијателен член на МАНУ

Меѓу безбројните мудрословни најави на Заев дека Талат Џафери наскоро ќе биде избран за спикер на Собранието, посебно интересна беше онаа негова блескотна изјава, оној вистински изблик на лидерска решителност дека ако треба, парламентарното мнозинство од 67 пратеници својата седница ќе ја одржи во МАНУ, и оти таму ќе се избере новиот претседател на парламентот. Ај што тој е сосема улав, ама од МАНУ не се слушна ни М ни А ни Н ни У, барем да му кажат нешто, да не треска глупости, да му речат „па не може тоа така, бре, Заев“, барем нешто малкуцка да демантираа, онака лизгаво како што знаат. Но, не, тие тоа енергично си го премолчија и, признавам, почнав искрено да се сомневам дека Заев (а можеби дури и како потенцијално нов академик) цврсто ја држи МАНУ за веќе често спомнуваните и опасно смирисани јајца на крајот од големото фрчкаво академско пенкало.

Но ако не е така, тогаш МАНУ, или АЛМАНУ, или само АЛНУ нека повели, за тој чуден настан и за таа уште почудна изјава на овој истакнат македонски првенец, јавно, со официјално соопштение да му се произнесе на македонскиот народ. Зашто, господа академици, или тоа што остана од вас (со оние навистина неколкумина чесни исклучоци), треба да знаете дека секоја секундичка од вашето длабоко потонато молчење за судбоносните настани што од темел ја тресат сегашноста и иднината на Република Македонија и на македонскиот народ и народностите е едно големо, тешко одбројување кон нашата македонска Небиднина, а на народот од тоа одбројување силно и ужасно болно му татни во ушите и во срцето, и тоа ваше бесчувствително молчење и ладнокрвна рамнодушност никогаш нема да ви ги заборавиме. Зашто на коцка е опстојноста на она што ни е најсвето, опстојноста на Република Македонија!

Алдо Климан за Дневник

Facebook impact:

Објавено недела, 07 мај 2017 11:36:00
Напишано од Виолета


Последни вести