На чедата на Сорос им се случи народ

Што мислеа Заев, Шекеринска сосе своите партнери Албанци, дека народот што 60 дена протестира пред Собрание само онака се шета секоја вечер од Влада до парламент и само песни пее? Македонците не попусто предупредуваа- да не се дрзне никој да избира претседател на Собрание кој нема да ја отфрли тиранската платформа, пишува Ирена Радовановиќ за Дневник.

img

Но СДСМ, наспроти предупредувањето на народот, одлучи на денот на годишнината на Вејце да го избере Талат Џафери. Човекот кому му го припишуваат масакрот на осумтемина припадници на Армијата и на МВР во конфликтот во 2001 година и кој само пред неколку дена со автомобил тргна кон демонстрантите, стана претседател на Собранието.

Наспроти сите пораки од Македонците дека „нема да им помине изборот на Џафери“, СДСМ и албанските партии тоа го направија насила и добија сила. Чудо како поминаа само со неколку пукнатини на главата. Народот е толку револтиран од нив што можеше некој и да настрада. Или можеби тоа беше целта? Прашање е зошто изборот на Џафери се случи кога имаше голем број протестанти пред Собранието? Дали ова беше случајно или, пак, намерна провокација за да дојде до крвопролевање, за потоа, се разбира, да го обвинат Никола Груевски, а Заев и Шекеринска да се прикажат како жртви.

Од СДСМ никако да разберат дека на Македонците им е дојдено преку глава некој да си прави што сака со Македонија. Македонците се свесни дека тиранската платформа води кон доразнебитување на државата и се подготвени ако треба и со пушки да ја спречат намерата на Заев и на неговите налогодавци. И тоа е сосема нормална реакција на човек кој има макар и ронка патриотизам во себе. Тоа чувство е сосема неразбирливо за лица како Заев и Шекеринска. Заев и самиот рече дека не му личи да биде патриот. Но, не е само тој проблем. Проблем е цела партија штом дозволи непатриот да ги води.

Тој се дрзна да се пазари со државните и националните интереси. Дал беса човекот дека од Македонија ќе прави Швајцарија и сега нема назад. Македонија како Швајцарија значи кантонизирана држава и држава без Македонци, и се разбира име што ќе ја отсликува мултикултурата. Име што ќе ја отсликува мултикултурата Заев вети веднаш по кумановските настани за една косовска телевизија кога првпат ја промовира идејата за двојазичност на целата територија.

Поради пазарот со албанските политичари, тој доби 70.000 албански гласа, што му донесоа плус девет пратеници во парламентот. Заев ја одби понудата на Груевски пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да му дадат поддршка да направи малцинска влада. Груевски се согласи да биде уапсен, само Заев да се откаже од тиранската платформа. Но, марионетата одби. Заев треба да го спроведе тоа што непријателите на Македонија го планираат овде, а тоа е исчезнување на државата.

Веќе неколку месеци слушаме пораки за поделба на Македонија. Вакви пораки стигнаа од Тимоти Лес и Рорабакер, а последниве денови и од Хашим Тачи и Еди Рама.

Могерини, која не ја осуди тиранската платформа и која се гушкаше и бакнуваше со Еди Рама и Хашим Тачи, го поздрави изборот на Талат Џафери. Таа важи за човек на поранешниот италијански премиер Ренци, кој пак се спомнува како човек кој им помогнал на Заев и Верушевски во прибавувањето на нелегално прислушуваните материјали. А сите заедно се чеда на Сорос. На човекот кој финансира „спонтани револуции“ против „диктатори“, како што беше случајот во Украина.

Уште кога почна Заев да ги пушта снимените разговори беше јасно дека овде некој има намера да предизвика конфликт за да може да си прави што сака, да спроведува некакво „украинско сценарио“. Такво сценарио кое долго време ~ се закануваше на Македонија, сега веќе како да почна да се реализира. Сега „загрижениот“ Хан, кој немаше време да ги прими од „За заедничка Македонија“, го осуди насилството во парламентот. А до насилство немаше да дојде ако Хан и сличните на него ги имаа предвид барањата на оние што секојдневно протестираат и не бараа што поскоро да се избере претседател на Собранието. Поздрав за изборот на Талат стигна и од американскиот амбасадор Џес Бејли, што и беше очекувано.

Од сите ќе стигне поздрав, само од македонскиот народ никогаш!

Сигурно Западот со с` неговите марионети овде не очекуваше дека Македонците ќе стојат настрана додека некој насилно им ја зема државата. За да докажат дека навистина ~ мислат добро на Македонија, треба само едно да направат – да се откажат и да ја осудат тиранската платформа, во спротивно ќе бидат единствени виновници ако дојде до граѓанска војна, која очигледно некој многу ја посакува.

Прашање е дали може да се остане со ладна глава, да се најде мирно решение и да не се дозволи страдање на невини жртви?

Facebook impact:

Објавено сабота, 29 април 2017 12:25:00
Напишано од Виолета


Последни вести