Скршените маски на муртинската елита

Изборите дојдоа и поминаа. За мене се завршени во понеделникот на 12.12 напладне кога сите се расонивме и си дојдовме на себе по две ипол години живеење во пизма и немир. 

img

Од изборите дознавме многу, гледавме непостигнати цели, неуспешен преврат, лаги и видео ленти. Сексот си го доби секој индивидуално, како што заслужил. По сите напори, кампањи, инфузии на пари и „урбани гласачи“ од Арачиново, Брест, Липково, и други градски урбани етнички чисти средини кои пекаат за соживот и 500 евра плата, во СДСМ не можат да бидат задоволни. Изгубија во најфер и најдемократски избори од осамостојувањето на Македонија и не само тоа. Нивниот конкурент ВМРО-ДПМНЕ, речиси ги преслика своите бројки од 2014-та со пресметаниот процент кој секоја власт на годишно ниво го губи од устоличувањето на власт па натаму. Со тоа паднаа во вода и фамозните 500.000 фантоми и 600.000 одселени лица од „режимот“ а шамар доби и црната кампања со умрени новороденчиња, убиства, беда, сиромаштија, задолженост и сите останати параметри од меурот на неокомунистите со кој ни го загорчуваа животот и секојдневието последниве две ипол години. Муртинскиот паљачо побрза да прослави победа иако лицето не му личеше на победничко.

Доцна вечерта на 11-ти ги викна приврзаниците да ја прослават големата победа над „режимот“ која за само 2 дена самиот ја обжалуваше со 8 приговори во ДИК. Тотална дисконекција со реалноста. Да славиш победа и да се жалиш на истата 2 дена подоцна. Навикнавме на такви вратоломии од „Муртинскиот Слободар“ кој и преку ДИК и директните преноси од нивното историско заседавање не потсети со какви кадри располага таа партија на умирање. Кадри во тон со сопствениот лидер. Вреди ли да се трошат зборови за ДИК? Јас нема да си приуштам такво ментално самоповредување, бевте тука, гледвте и слушавте на ТВ немам што да додадам. Хајлајти секако беа „урбаната“ Фатиме Сулејмани од косовско Рачан  ( ЈЕБО ВАС ПУСТЕЦ )  на која и било ускратено правото да гласа два пати, еднаш по пропис и еднаш по рамковен и секако девојчурчено што му го заборавив името кое откри „Бугарски Воз “ со кој ВМРО добил 90 Јебени гласа. Ако е и за бугарски – премалку е. И не се смешни тие, ни Фатиме, ни девојчето, ни Заев ни Рада ни раководството. Смешни се „интелектуалците“ кои ја залапале оваа фи 50 канализациска цевка и голтаат ли голтаат а пуста уста не додржува.

Нарочно ги ставив во наводници интелектуалците од СДСМ, урбаните и прогресивни сили затоа што на крајот самите си се открија дека можат да туркаат секаква агенда, и самопоништувачка, ако тоа се искешира убаво. Жал ми е за децата кои си се лажеа дека се дел од нешто големо, дека допринесуваат за подобро, за ново, за поубаво. За нив ми е жал. Возрасните немаат оправдување. Возрасните немаат таков луксуз. Не требаа слепо да веруваат на лажни величини и да влегуваат во меурот од кои имаат излезено и ТАТ, и криминалната приватизација која ги остави без работа, и територијалната организација и војната 2001-ва, и........  

Требаше да знаете. Требаше до сега да имате научено. Сакајќи да го повредите ВМРО, и пуштивте крв на Македонија. Сега чекајте пред вратата поштарот да ви ги донесе вашите 500 евра месечно во мултиетничката бајка во која албанецот и македонецот се браќа и работат заеднички на подобра Македонија. Убаво беше во меурот, за жал будењето ќе биде со кофа ладна вода. По Муртински. Виновни сте што заборавивте дека во „слободарско“ Арачиново да речеме, кое „пека за соживот и братство“ - македонска нога тешко стапнува. Ги заборавивте 50-тината фамилии Македонци кои никогаш не се вратија таму иако владата на Груевски, 2007 -ма чинам, им направи ганц нови куќи. Куќи кои арачиновци ги палеа, околу кои пукаа со пиштоли додека и последниот волен за враќање Македонец не се попишмани и се откажа од меурот наречен „соживот“. Реков минатата недела, за соживот – двајца треба. Двајца со желба за тоа. И на Македонецот не му е проблем соживотот, Македонецот истиот го остварува со Роми, Срби, Бошњаци, Турци, Власи.... Без никаков проблем. Стотици години наназад.

Зошто не со Албанците – прашајте ги нив. Прашајте ги во Арачиново, зошто палеа куќи? Зошто во тетовско селата етнички се исчистија? Дали живеат рамноправно во Струга? Ги знаете одговорите и сами и затоа сте виновни што поверувавте на опција која ја мрази Македонија, не ја чуствува за своја и бездушно ја разорува. И за тоа не се криви Албанците, тие си ја имаат призренската лига и силен ветар во грб од Америка. Затоа не сакаат да живеат со вас, затоа е небитно индивидуалното право а се форсира етничкото. Кај албанците нема емпатија. Тоа го покажуваат и на улица и на стадион, и во автобус... Албанија се создаде, Косово исто така, Македонија – pending. А кога ќе дојде тоа- ќе има соживот ама токму ист како со Србите кои останаа на Косово, ама тотално ист, без емпатија и без алтруизам.

За тоа сте виновни. Зошто ги знаевте овие работи а влеговте свесно во меурот на Црпнатиот паљачо. И уште нешто. Србите за Косово ја имаат каква таква – резолуцијата 1244, која при менување на политичката констелација might come in handy. Тенденцијата е Македонија да се ПОНИШТИ од како 26 години опстојува на општо изненадување на сите кои и предвидуваа брз крах, да се поништи со наш потпис, со наше да, во име на „соживотот“ и гладта на неокомунистичката елита за моќ – пари и онака не им недостасуваат. А моќта за нив е спиритус мовенс, и не им е гајле дали ќе бидат главни на 10, 15 или 33% од територијата на Македонија – само да се главни. По секоја цена.

Виновни сте што мислевте дека Радмила и елитата ќе седат овде, со вас, дека ќе ги гледате во театар, на пазар, на семафор барем. Тие од врвот веќе меркаат трајни (доживотни) места во Брисел, Стразбур, Париз,.... Некои и станови си имаат обезбедено уште од сега. Не сакаат тие да ги гледаат нашите грди лица секој ден овде. Затоа ќе ни го остават вториот ешалон, од кога ќе го продадат името. А ВМРО? ВМРО не го ни чепнаа колеги мои и собраќа Македонци. ВМРО се прегрупира, организира. ВМРО се погледна во огледало, ВМРО (се надевам) научи. Прогласот е прв чекор во таа насока. Но треба да се држат до него како до библија. Трагикомично, но скршените маски на муртинскиот двор, допринесоа ВМРО ДПМНЕ да се профилира како единствен заштитник на Македонските интереси и Македонскиот народ во матичната и единствена држава на Македонците во светот – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. И не е битно колку пратеници имаш, зошто последниве 2,5 години бевме сведоци што се случува со 63 +. Битно е да ги држиш уздите цврсто во своите раце и да бидеш принципиелен, одважен, чесен и горд. Така ќе владееш и со 45. А со 63 и мисла со никого да не се закачиш, со полнење институции со лустрирани неокомунисти, со вртење друг образ власт нема. Само Божја власт. Затоа добро е што се случи 11-ти декември, добро е што се разобличија неокомунистите и нивните намери, добро е што знаеме дека легитимитетот го црпат од Косово а сакаат влада на република Македонија да составуваат Џес Бејли и Еди Рама. Сега веќе немате оправдување. Сега знаете и видовте. Оставете ги оние 300.000 одродени, излажани, наивни, млади и зелени, тој број ќе паѓа а тоа ќе го видите на првите следни избори. Со соседот албанец бидете си како порано но не ја заборавајте призренската лига, тој веќе има 2 држави а на вас единствената ви е во прашање.

Добрата вест е дека МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ, Зоран Заев и неговите платеници брзо ќе ја добијат фактурата од албанската мафија. Фактура која нема да можат да ја платат ни со широка, ни со тесна ни со експертска ни со преодна влада, ами само со двотретинска од која се стотици километри далеку... Нив покрај народот, ќе ги казнат и нивните налогодавачи, еден по еден. Да нема сведоци. Светот е мал. А ние Македонците по род и чуство, на нас, на нашата генерација е падната историската одговорност да си ја зачуваме државата. Нам мила и единствен дом на Македонците во светот. Да не дозволиме да станеме Курди на 21-от век иако по сценариото не треба да постоиме ниту како народ а не само да ни се земе територијата. Прогласот е добар прв чекор, затоа главата горе, ќе биде тешко но ќе издржиме. Знам 454.000 причини зошто тоа ќе биде така и ќе се зголемуваат. Со Македонија во срце, гордост во душа и бистрина во умот, ЌЕ ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

 Алекс Ванко

Филозоф, писател, аналитичар

Facebook impact:

Објавено среда, 21 декември 2016 01:55:00
Напишано од Елена


Последни вести