ЗАЕВИОТ ТУГО-МУКО BRAIN DRAIN

Да не е трагично веројатно ќе беше премногу комично. Човеков навистина се надминува себе си со секој изминат ден. Како му се зголемува меракот да се отвора во јавноста и пред малите екрани, така се посилно сфаќаме дека човеков нема мерка во лупетањето. Секој нов ден му е нов лупус ин фабула. Откровение на бескрајноста во тресењето зелени на јавна сцена. Кога го слушаме со секој нов изблик на човека му доаѓа се подлабоко да пропадне во земја, аман земјо отвори се и проголтај не сите топтан!

 

img

Дали Македонија заслужи ваков расплет? Дали Македонија заслужува вакво „водство“, вакво „лидерство“? Дали Македонија и Македонците навистина немаат поинаква, подобра алтернатива од распењавениот црпнат brain drain премиер? Заслуживме ли навистина ваква „екипа“ од неспособни и изгубени во просторот политичари кои сакајќи да се пофалат дека се многу начитани и учени секојдневно ни ја докажуваат сопствената аналфабетност. Замислете какво смеење предизвикуваат кај Сценаристот и неговите дипломатски слуги? Што се тие се имаат изнаслушано за да ја донесат одлуката дека дефинитивно ова е дното и дека нема подобар кадровски избор за успешноста во спроведувањето на нивното сценарио од одбраното. Сценаристот точно знае што одбрал и зошто одбрал вакви примери. Туку, ние кај сме, ние што правиме. Не е дека не можеме да ги процениме работите и да собереме два и два. Уште помалку дека немаме капацитет да го видиме „капацитетот“ на „водачите“. Ни одговараат ли и нам како на сценаристот вакви лупуси, или од пусти срам имаме дигнато раце. Зошто, како поинаку да се дефинира оваа состојба на невидена, неизмерена политичка глупост, освен како колективна забеганост во ординерната пролупаност на разумот и умот.

Како инаку да се сфатат признанијата на јавна сцена дека, на пример, министерот за финансии кога стапил на оваа исклучително важна функција за државата за прв пат сфатил што е разликата меѓу нето ДДВ, и бруто ДДВ, за прв пат во својот живот видел ребаланс на буџет во свои раце па кутриот на собраниска говорница повеќе личеше на изгубен во тишината отколку на снајден министер кој знае зошто излегол на говорница. Да не одиме понатаму во потсетување на истресоците од мисли на високите репрезенти од владиниот тим за привлекување странски инвестиции.

Читајќи ги мислите на кутрион Шапуриќ од неговата твитер „комуникација со јавноста“ навистина добивате впечаток дека нашиве политичари не се од тука.Уредно напишана, или уште помалку уредно срочена просто-проширена реченица им е навистина голема, породилна мака. Греота за земјава и за граѓаните што се држи и што се трпи(ме).

Да се вратиме на високо интелектуалната просветлена премиерска мисла дека за договорот за добрососедство со Бугарија пратениците од власта и од опозицијата влегле во вистински brain drain mode. Епилогот на оваа состојба веројатно уште од моментот на искажаното резултира со вистинска бежанија на успешните и квалитетни кадри од земјава кои заедно со оние над 600.000 македонски граѓани кои,нели, според проценката на власта во времето кога беше во опозиција веќе се иселени од државата заради Груевски, ќе го срушат рекордот на колективната бежанија. Заев само годозабрзува процесот на  бежанијата. Откако за уште некој месец ќе го дозаокружи започнатиот процес на велепредавство на македонските национални интереси, потоаќе може на раат да пишува мемоари за brain drain Македонија. Како што фуриозно кинисал да става се на тезга, буквално се што ќе му стигне при рака за многу брзо време ќе може да се пофали дека го заокружил романот за Македонската brain drain сага. Во мемоарите што ќе ги пишува во прво лице еднина нема да смее да заборави уште еднаш да не потсети како дошол во политиката, зошто и кој го црпнал, и како ја завршил мисијата поради која е ставен таму кај што е ставен.

Уште само неколку месеци не делат до комплетното финале на проектот „Brain drain Македонија“. Или ќе го доодмолчиме финалето како што славно си почнавме и ќе се слееме како еден во реката на апатијата и пасивноста, или ќе го преземеме проектот во наши раце и енергично ќе тргнеме во „походот“ Brain Drain на Црпнатите!

Facebook impact:

Објавено четврток, 20 јули 2017 11:29:00
Напишано од емилија


Последни вести

img

СВЕТСКИОТ ГОТВАЧКИ ВРВ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО СТРУМИЦА

Шеесетина врвни Master Chef судии и околу тристотина натпреварувачи и гости од цел свет, од утре ќе го отворат Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017. И по обемот и по квалитетот на имињата кои што нешто значат во светот на гастрономијата, овој настан е најголемиот кога било одржан кулинарски натпревар не само во нашата земја, туку и во поширокиот регион. Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, ќе се одвива од 24 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот Вила Парк. Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. 

img

Прилеп го одбележа државниот празник 23- ти Октомври

Годинава државниот празник 23 –ти Октомври Прилеп го одбележа скромно со положување на цвеќе на личностите кои го дале својот . По повод одбележувањето на државниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп и претставници од  политичката партија на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата положија свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев и  Ѓорче Петров, а една делегација се поклони и положи цвеќе на гробовите на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение и на гробот на  Методија Патчев, во Кадино село. При оваа пригода градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцира важноста од зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Р. Македонија.