НВО Коалицијата на Египќаните му ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ

НВО Коалицијата на Египќаните и ОПЕМ, му ја честитаат победата на ВМРО-ДПМНЕ, која ја издвојува на предвремените парламентарни избори кои се одржаа во Република Македонија.

img

-Во мирна, фер и демократска атмосфера, огромно мнозинство на Египќаните, како што и претходно тврдевме, му ја дадоа својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА, како и на идниот Премиер на Р. Македонија, г-дин Никола Груевски.

Египќаните силно го подржаа ВМРО-ДПМНЕ, особено во Охрид, каде се втори по бројност, во Ресен, Битола и на цела територија на Р. Македонија. Ние имаме потпишано Меморандум за Соработка со најмоќниот политички субјект во Македонија ВМРО ДПМНЕ и лидерот г-дин Никола Груевски.

Египќаните гледаат стратешки партнер во ВМРО-ДПМНЕ и имаат силна верба дека со оваа победа и формирањето на новата Влада, предводена од г-дин Никола Груевски, ќе се интензивираат интеграционите процеси за мојот народ - Египќаните, бидејќи нив ги започна токму ВМРО-ДПМНЕ и нејзините фунционери. Огромното мнозинство на Египќани има силна верба во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека како иден премиер ќе излезе во пресрет на оваа ранлива етничка заедница, за да ги ужива Уставно загарантираните права и слободи, а НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ ќе продолжи и со поголем ентузијазам да се бори за реализација на правата и слободите на Египќаните - истакна Демир Далип, лидер на НВО Коалицијата на Египќаните, кој додаде дека оваа победа е издвојувана во особено исклучително тешки околности и затоа има посебна тежина.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 12 декември 2016 01:32:00
Напишано од Ирина



Последни вести