ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се гарантот за интеграција и деасимилација на Египќаните

Дефинитивно, после заокружување на еден мошне комплициран изборен процес за кој слободно може да се констатира дека беше еден од најдобро организираните, со сите придружни елементи на фер, слободни и демократски избори и аналогно на тоа и кредибилни, на кои, очекувано победи ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА, на кои се ставија крај на некои „сценарија“ кои граѓаните на Р. Македонија ги поразија.

img

- Огромното мнозинство на припадниците на етничката заедница на Египќаните кои го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и лидерот и најверојатно идниот премиер на Р. Македонија, г-дин Никола Груевски, имаат силни основи и реални компоненти да веруваат дека ќе бидат интензивирани интегрирачките процеси во врска со египќанскиот етникум, а исто така со потпишување на Меморандумот за Соработка, само го потврдивме она што беше започнато во минатото, а тоа беше тесната соработка и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и трасирање на патот на долгорочен план дека Егиќаните имаат силен сојузник во ВМРО-ДПМНЕ кој нема да дозволи да има асимилација или претопување на ова етничка заедница, согласно нејзините демократски политики.

Огромното мнозинство на Египќани уште еднаш му ја честитаат победата на ВМРО-ДПМНЕ и очекуваат што поскоро да се состави Влада, а сѐ со цел да продолжи нашата заедничка татковина кон патот на економски развој, евроатланските интеграции, почитување на мултиетничноста и мултиконфенсионалноста,и инвестирање во Р.Македонија, како наш заеднички дом. Египќаните со својата лојалност, конструктивност, тоа и го имаат потврдено - истакна Демир Далип, лидер на НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 26 декември 2016 15:40
Напишано од Ирина




Барај