ВРЕМЕ Е, ЗА ПОПИС ВО Р.МАКЕДОНИЈА

Крајно време е, во Р.Македонија, да се изврши Попис на населението, домаќинствата и становите.

img

Последниот спроведен Попис во Р.Македонија, е во далечната 2002 година, и ние како посебна и автентична етничка заедница Египќани во Р.Македонија, не можеме да се согласиме со тогашните резултати бидејќи од тогаш се поминати цели 14 години, а според нашите интерни сознанија има околу 30.000  Египкани, Поради,долгиот временски интервал од неспроведувањето на Пописот на населението,како Египќанец не е вработен ниту 1 деклариран Египканец, согласно духот и содржината на Охридскиот Рамковен Договор, а бидејки се е сведено на проценти, како етникум трпиме огромни штети.

   Се плашиме од претопување, со благодарени на потпишаниот Меморандум за соработка со ВМРО ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски, имаме еден вид заштита и одбранбен механизам, но апелираме да се спроведе ПОПИС, бидејки Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни, ажурни и меѓународно споредливи статистички податоци за населението, домаќинствата и становите за задоволување на потребите на корисниците во државата и во странство, истакна лидерот на НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ И ОПЕМ, дипл.правник Демир Далип.

Facebook impact:

Тагови:

Објавено четврток, 29 декември 2016 12:52
Напишано од Елена




Барај

Последни вести