ДАЈ БЕ НЕ МЕ ФАРБАЈТЕ !

Добредојдовте во СЈО (Саботна Јавна Ономатопеја) на Алекс Ванко

img

Катица ја омажи ќерката! За многу години бракот, па на пород да се радуваме , поскоро Баба да стане, за обвинителка е веќе доцна. Барем за 3-4 години ќе може внучето да го прати да прочита обвинение во обид или како што ние обичните луѓе го викаме –предистражна постапка. Имам основано сомнение дека внучето потечно ќе ги прочита амбасадорските фермани.

Ајде сега сериозно, таква беше неделата. Кога сме кај СЈО, тоа имаше уште еден перформанс. Ни објаснија дека правдата ќе ги стигне сите освен опозиционерите, а тие пак ја неуморно ја бараат правдата. Никако да се најдат. А Правдата како правда, уморна од бркање ВМРОвци, вешто се крие од СДСМ кој повторно упорно ја бара. Живот. Проследивме нова епизода во која СЈО се трудеше да не убеди дека ако не овој петок тогаш другиот вторник, всушност ќе видиме обвинение со сите нишани, докази и слични дребулии. За сега за плебсот доволни се и шпекулативни нагаѓања и читање со строг тон на реченици од типот „Го навеле со своите постапки да стори кривично дело“. Ок, да направиме маченик од овој што сторил кривично дело – срам да им е и во затвор да изгнијат овие што го навеле. Што? Абе досадни сте со тие глупави докази! Не е доволен строгиот глас на Фатиме? Не? ДИКТАТУРА ! Дур не дојде слободата Ленче ќе биде Секси, Фатиме СМ а Катица насмеана. Доволно за еден краток перформанс. 

Период пред Велигден. Идеално за фарбање. Чесен човек веднаш би помислил на јајца. Но не. Добро де, има и јајца ама како поддршка на поликолорот. „Шарените“ се појавија. Ваистина се појавија. „Шарените“ се нова секта. Агностици. Со перверзна етика и весела естетика. Главна цел им е да ги свртат вредностите наопаку. Градењето е лошо велат тие, уривањето кул. Горди се на своите постапки. Затоа носат фантомки. Решени се да не цивилизираат и ќе почнат from scratch. Фрлањето боја и кршењето на народна своина е првиот чекор кон цивилизацијата. Порта Македонија била изградена со наши пари, и била многу скапа. Некој крадел пари на неа. Доста бе со тие докази веќе! Е сега бидејќи е грда и скапа, решението е да се сруши, вандализира и обои. Утре можеби ќе најдат скап и ружен автопат. Којзнае. Народот ги сака многу и поддржува. Освен на 21-ви април. Поради роденденот на СДСМ веројатно. Не? Ејј да. „Шарените“ се секта на избрани кои не веруваат во избори. Треба да владеат тие и тоа да се стави во устав. Без избори. Народ? Доста бе со тие сендвичојадци што ги товарат како стока во автобуси.....

Еј, „Шарени“, listen please, ДАЈ БЕ НЕ НЕ ФАРБАЈТЕ !!!

Пишува: Алекс Ванко

Филозоф, писател, аналитичар

Facebook impact:

Тагови:

Објавено сабота, 23 април 2016 09:55
Напишано од g0sh3



Барај