ДОБРА ВЕСТ – ЛОША ВЕСТ

Добредојдовте во СЈО (Саботна Јавна Ономатопеја) на Алекс Ванко.

img

Недела на уште едно епско „Зајкојавление“. Карактеристично и во негов стил. Зајко се јави и имаше потреба со нас да подели уште една „Вистина За Македонија“. Имаше и добра и лоша вест. Добрата вест е што СДСМ е конечно сигурна во својата победа, Заев рече на следните избори СДСМ ќе го понижи ВМРО, сигурно победуваме. Е сега лошата вест е што нема да има избори зошто тој плачеше да се одложат. Статива. За малку. Можеби и не е лоша идеја да се додаде тоа на името на најголемата опозициска (уште ли) партија во Македонија. Социјалдемократски Сојуз на Македонија- За малку.

Навикнавме на лапсусите, киксовите и провокациите на Заев. Мене тој ми е многу јасен. Подпросечен гик кого на игранка го повикала најубавата ( најсилната ) мома. Па што и ако и дозволил таа да води, рефлекторите се на него. Јас него го разбирам. Не ми се јасни луѓето кои од него очекуваат подобра иднина. Не оние од платниот список на соработникот на семејството Бин Ладен. Не тие. И тие ми се јасни. Не ми се јасни обичните луѓе кои сурово ги лаже три пати на ден. Не ми се јасни професорите кои си ја газат дипломата и елоквенцијата бранејќи го, стоејќи до него. Знам, ќе речете тој е само фигура, потрошен материјал на puppet мајсторот, па дури ни во тој случај не сте ми јасни.

Имате ли компас, каде? Знаете ли како? Со кој ак’л сте застанале зад оваа лажна опција, опција која се базира на лаги и мантри? Зад опцијата која вели не ни треба судство имаме „бомби“, зад опцијата што ве гаѓа со цифри а за референца на истите ве упатува на свој сајт – сами избројале, сами напишале, изџвакале а ваше е само да излезете секој ден во 6 попладне и да подголтнете. Да, сум слушнал дека против овој „режим“ било дозволено се, само да се смени. По која цена бе другари ? Заради овие тутурутки сме во стадиум во кој не им верувам и да ми кажат дека пушењето е штетно.

Овие кои ви продаваат вандализам за модерна уметност, кои линчуваат пред театар за пост на фејсбук, овие за кои македонското знаме е навреда и сонцето на него го заменуваат со сендвич? Па тие ли се опција бе другари. Што кога ќе победат? Што? Ќе има демократија, слобода? Па не се јадат бе другари ни демократија ни слобода иако оние што ви ги нудат не го знаат нивното значење без да го изгуглаат. Ако се демократија и слобода флоскулите од типот ако не си со нас со „режимот“ си, или не е време за неопределеност, мораш да имаш став ист со нашиот, ако е слобода етикетитирањето на луѓе кои не мислат како тебе, улични судови и поворки кои бараат линч за напишан ФБ статус – заклучете ме во „режимов“ и фрлете го клучот.

Такви слободии демократии не ми требаат и не постојат никаде освен на смрдливите нео-комунистички сајтови со рециклирани пароли од втората светска војна и секако спонзорирани сите до еден од Чичко Сорос. Фала ви за такви демократски вредности. Носете се со нив и лидерот Заев во мајчината. Еден ден и линч толпите нема повеќе да бидат на улица. Луѓето кои денес се на улица се 90% се жртви на безмилосна пропаганда. Ќе изветрее тоа. Белиот поликолори четките ќе ги заменат куртоните со поликолор и куртонските креатури кои провоцираат.

Добрата вест е – Македонија е уште тука, наша и убава.

Лошата вест е – Уште не е готово, најтешкото следува.

Ќе издржиме, ќе победиме.

Да Живее Република МАКЕДОНИЈА!

Пишува: Алекс Ванко

Филозоф, писател, аналитичар

Facebook impact:

Тагови:

Објавено сабота, 21 мај 2016 16:16
Напишано од Ирина




Барај

Последни вести