ШАРЕНАТА ЛИНЧ ТОЛПА

Добредојдовте во СЈО (Саботна Јавна Ономатопеја) на Алекс Ванко.

img

Во Скопје се дешава чудна шарена „спонтана“ групировка. Секој ден во 18.00 група спонтано организирани луѓе со утврдена агенда и план, нови транспаренти и програма за секој ден – „спонтано“ не малтретираат. Вандализмот и говорот на омраза станаа секојдневие во главниот град. „Спонтаната“ толпа нема милост. Не малтретира “спонтано“ и упорно секој ден. Секој ден преку неред и хаос бараат правда, креираат немир за да дојдел мирот и слични „спонтани“ активности како етикетирање, обвинувања, делење на вина, судење и пресудување. На лице место. На улица. Very 1948- ish. Последен „спонтан“ крик им беше „журката“ пред зградата на Грујо во која употребија и факели или како што инструкторите на „спонтаноста“ ги нарекуваат- бакљи. „Звиждаљките“ ги знаеме од порано. И не знам за вас ама мене таа слика ми беше многу Кју-Клус клановска. Пароли со Затвор не ти Гине, Готов си, Шутка и сл. и другарите од „комитетот“ со „бакљи“ во улога на адреналински напалени ККК членови пред куќата на некое јадно црнче во Мисисипи некаде 1850 година. Разликата е само што сето ова се случуваше во Скопје 2016-та а сценаристот и режисерот ептен се трудат чадорот да се чувствува како дома во родната USA. Токму таа наша пријателска земја која ни мисли само и само добро, е позната по Линч толпите. Чарлс Линч е судија кој бил познат низ САД по тоа што сакал да носи пресуди за 5 минути на тремот пред својата куќа кои во 90% завршувале со бесење на обвинетиот на најблиското дрво во рок од 10 минути. Судењата биле по „допрен глас“ за вината на дотичниот а истиот немал право на одбрана. Доволно било гласното викање на толпата. Фер и демократски, како што личи на САД. Неговиот сограѓанин со исто презиме пак Вилијам Линч ( не знам дали биле во некое сродство) бил познат по организацијата на такви толпи кои на негова команда го ловеле наводниот виновник и без судење, пак по „допрен глас и основано сомнение“ експресно го беселе. И нашиве шаренковци се големи љубители на експресни постапки без судење што многу коинцидира и со афинитетите на чадорот кои генски ги носи како претставник на најголемата демократија во космосот но случајно или не, коинцидираат и со поимањето на правда и нејзиното спроведување на дедовците на шарените „спонтани револуционери“ од периодот по втората светска војна и чистењето на теренот од „неподобните“ и непријателите на комунистичката револуција. И комунистите како и нивните другарчиња преку барата, беа љубители на брза правда, преки судови во кои само се читаше обвинението и се носеше експресна пресуда за неподобните. И така внучињата на Линчови и Комунистичките внучиња си најдоа троа заедничка ДНК. И двата комплети внучиња сакаат „брза правда и преки судови“. Тоа ви се денес СЈО а бидејќи се покажа како споро и неефективно поради глупавите барања на „режимските судии“ за докази и постапка, а се планира и „специјален суд“ за да се покаже дека за 100 години барем малку еволуирале но всушност тоа е само мимикрија. Комунистичката шарена линч толпа најмногу би сакала брзи егзекуции на лице место, на улица, за да биде ефектот грандиозен – во согласност со нивните капацитети и идеи. Затоа и цело време верглаат за нефункционални, завладеани, под шепата на ВМРО институции, зошто едноставно сакаат да ги заобиколат истите и да во духот на Кју Клус Кланот носат обвинение, пресуда и егзекуција пред вашата зграда. Со Бакљи со све! Сепак колку и да се либерали мора и малку традиционално да внесат во чинот, заради драматуршката тежина на претставата.

Македонија го има јадено овој „стап“ од партизаните. Преки судови на комунистичката партија на Македонија ги затвараа, малтретираа, убиваа Ченто, Рацин, Чулев, Брашнаров, Пирузе, Фотев, Анастасов..... Без доказ, многупати и без судење или со фарсично монтирано судење без докази. Заради став различен од партискиот. Познато ви е ова? Историјата ни се повторува и секогаш кога тоа се случува се повторува како фарса. А има ли поголема фарса од фактот што внуците на грубите партизани во маслинести шинели се шарени ЛГБТ мажиња и жени кои со пискави гласчиња бараат затвор од улица, без судење, по „специјален“ брз автопат изграден од чадорот Бејли – со наследството од ККК и Линч како демократска придобивка.

Нема да помине, ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !!!

Пишува: Алекс Ванко

Филозоф, писател, аналитичар

Facebook impact:

Тагови:

Објавено сабота, 14 мај 2016 21:50
Напишано од g0sh3



Барај