СКАПИОТ ШАРЕН ПЕРФОРМАНС

Заев обзнани, сето ова било перформанс драги мои! Добро слушнавте Пер-фор- манс. Нема да кријам, сакам се што има уметнички бекграунд а перформанси сум имал можност да следам како на домашната сцена така и нешто во странство. Перформансот има функција преку арт-експресија да ни пренесе порака од уметникот и како форма е доста либерален во својата манифестација.Заев обзнани, сето ова било перформанс драги мои! Добро слушнавте Пер-фор- манс. Нема да кријам, сакам се што има уметнички бекграунд а перформанси сум имал можност да следам како на домашната сцена така и нешто во странство. Перформансот има функција преку арт-експресија да ни пренесе порака од уметникот и како форма е доста либерален во својата манифестација.

img

Сум гледал двочасовен перформанс на германска артистка во која таа се валкаше на сцената во пепел извикувајќи индијански шамански текст додека зад неа на платно беше проектиран говорот на Адолф Хитлер за „работните“ кампови за евреи во нацистичка Германија. На крај артистката се соблече гола и се истушира на сцената. Пораката беше, од пепелот на нацизмот, преку пепелот на поразот во втората светска војна се раѓа една убава гола и чиста Германија која научила од своите грешки. Или можеби крај на кругот. Тоа е убавината на уметноста, секој ја доживува на свој начин. Во друг перформанс гледав Црногорка која со жилет се сече петокраки по телото. Протест против отсутниот татко, воено лице во ЈНА кој и оставил многу поголеми лузни на детската душа. Сега ќе се обидам да резимирам за перформансот кој ни го турка под нос опозицијата веќе две години. Видовме многу богат перформанс на почетокот прошаран со мегафонична драматичност на соопштувањето на „вистината“ ( Комплекс на БОГ ) без можност за дебата. Вистината беше соопштена, луѓе беа стигматизирани ( БОГ, пак.. ) дека се вакви, такви, дека направиле ова, она и дека треба да „висат“. Со Бог нема дебата. Кога „глупавиот“ народ почна да се сомнева во перформансот на Божјо соопштување на „вистината“ , дојде ред Боголуѓето да слезат на земјата. Во Камп. Црпковец. Тука правеа низа перформанси од типот абортирањето е кул, ко друкчије каже клевече и лаже.... И кога под циркуските шатори стана премногу жешко, нашите јунаци го продолжија перформансот, по Грчките плажи по сиромашните, а по монденските летувалишта ширум светот оние со повисок чин во циркуската трупа. Тоа беше фазата од перформансот наречена Има се, може се, работе се.... Тој перформанс беше мултимедијален зошто имавме можност да го следиме преку Фејсбук. По богатиот одморски дел од перформансот, снема пари за статистите и истиот беше ограничен на улоги само за главните актери кои солираа на сцената. Тука хајлајт беше перформансот на симнувањето на потпретседателката на опозициската СДСМ во мрачниот подземен свет на смрдливите луѓе, раса омразена во круговите на Боголуѓето. Перформансот се случи, види чудо, на пазар Буњаковец. Егзотика. Кога драматургот и Чадорот видоа дека овој вид на перформанс во кој добро платените Боголуѓе солират не поминува кај публиката, решија да истурат Тон пари кон статистите. Синдикалниот договор беше постигнат а хонорарите утврдени. Шоу маст го он. Се подготви сцената, сценаристот го доврши сценариото и го зачини со три грации, дебелата еблестата и вулгарната етнички коректна, кои требаа да ги симболизираат правдата и лажната надеж. И по неколку месеци на константни настапи, на интелектуални грамади и професорско/академски возења со автомобили по Скопје во знак на симулација на победата, дојдовме до финалето. А финалето беше замислено како гротеска. Така и би. Гледаме деновиве, куртони со куртон во раката сеат боја ( слобода ) и страв ( правда) по скопските улици. Мирот го чуваат за последната сцена. Гротеската само ја надополни некој си факинг сајт кој го објави ценовникот, пардон хонорарите на главните актери и статистите. Машала. Убаво се живеело од перформанс. Шарените куртони со несмален интензитет, секој ден во 6 го покажуваат своето академско ниво и го збогатуваат своето трансакциско конто и сето тоа низ едукација на народот што е уметност, што кич, што е правда, морал, закон – кршејќи ги истите. Генијално. А во тоа екстатично финале мораше да дојде и мотивот. За некој тоа беше 3 месечна кирија платена од револуцијата за да може да си остане во Скопје без да работи, за некои беше спонзорирана книга од USAID, за некои егзотичен одмор. Авангардно и оригинално. Македонија издржала и пострашни перформанси и од поголеми куртони. Ќе го издржи и овој од Боголуѓето скриени под чадор. Дали нив ќе им дозволиме да се вратат меѓу нас со нови маски и по страшен перформанс зависи од нас и само од нас. Јас би да ги пратиме куртоните во историјата. Со се нивниот квазиакадемски и квазидемократски капацитет и скапите перформанси. Најскапи за гледачите, фатални за Македонија.

MACEDONIA WILL SURVIVE !

Пишува: Алекс Ванко

Филозоф, писател, аналитичар

Facebook impact:

Тагови:

Објавено сабота, 28 мај 2016 23:55
Напишано од g0sh3



Барај