СРЕЌНА НОВА 1994-та

Добредојдовте во СЈО (Саботна Јавна Ономатопеја) на Алекс Ванко.

img

Скопје, мај 2016 предизборие. Подобро речено – како за кого. Предизборие за тие кои мислат дека единствен логичен расплет на кризата се избори а за „предодредените“ за власт - шанса за уште некој трик од украинскиот прирачник со цел да се самоинсталираат во некоја раководна фотеља ползувајќи го така своето „природно право“ да раководат.

Празничниот викенд курвинските „шарени“ револуционери го искористија традиционално со гиро, ѕаѕики и сиртаки кај нашиот јужен сосед каде ги грееше „демократско“ сонце и дишеа исто таков воздух. Бесплатниот ви-фи од апартманите во Грција го искористија за да ги фекализираат социјалните мрежи со натпревар кој повеќе ќе се посере на Велигденските празници и кој ќе биде ултимејт атеистот од Грчкото крајбрежје.

Да, тие истите што пропагираат алтруизам и слобода и што Бајрам го честитаат на албански зошто исламот нели не е религија а тоа на збунетите шарени атеисти им се гледа како добар ПР на патот кон власт без избори. И додека во Грција заплиснати од „демократијата и слободата“ кои ги дишеа на полни гради, беа расположени само за атеистички сарказам и по некоја етикета за глупиот народ што како таков остана во Македонија, одморени и подновени беа спремни веднаш по преминувањето на границата да го ослободат својот демократски гнев и пизма кој соодветно им беше складиран во некое катче на нивната напатена револуционерна душа.

И повторно му се истурија на мое Скопје, со сиот бес и паланечки, опиночки менталитет кој им е во генот, менталитет кој фрустрацијата од немоќта да смислат нешто оригинално и потребата српски инструктори да им го #звиждаат егото, резултираше со стандардното талибанство. И така се вративме на секојдневието исполнето со дегенерички ставови на НВО хиените кои бараа вон институционална правда на улица притоа зачинувајќи го тоа со мантрата за мир истовремено нарушувајќи го истиот.

Продолжија со дебилните пароли рециклирани од втората светска војна и зачинети со некоја нова од најновата USA скрипта осмислена и спроведена во Украина. Продолжија и со шизофрените тези дека со уништување на јавни добра и објекти ни помагаат да штедиме пари кои ни ги украл „режимот“ и дека најдобар пат кон демократијата е некрофилијата.

На сета оваа калакурница се надоврза и „големата“ СДСМ со курчачки дисплеј на силење. Ќе немало избори. Без нив не биле можни! Па иако цел напатен и искраден од „режимот“народ, цела меѓународна заедница, сите амбасадори, Албанците дома и албанската дијаспора, сите интелектуалци, студенти, сите амбасадори, УЧК ветерани, педери, граѓанското општество, НВО па и селаните се со нив – тие не сакаат избори сега. Немало услови !?!?!

Па што ќе ви се услови со цел свет и пола космос во вашиот агол бе дудуци? За Македонија гарант. Сето ова доаѓа од устите и е смислено од умовите на луѓе кои не дозволуваа опозициски претседател на ДИК, кои мртви ладни си земаа победа со 80 и кусур пратеници без учество на опозиција во далечната 1994-та. Да, деца. Арно слушнавте.

Демократите со рбет создаден за лимбо денс си лапнаа 4 години мандат верификуван од господинот Најденов тогаш претседател на ДИК иако истиот беше проследен со давање на 150.000 државјанства на косовари 2 месеци пред изборниот процес. Бевме сведоци на ептен „слободен и демократски“ организиран медиумски амбиент составен од МТВ и два државни весници, „Вечер“ и „Нова Македонија“ сите закачени на цицката на тогаш реформираниот сојуз на комунисти попознат како СДСМ.

Па сведочевме на гинисовски 103% излезност на голем број избирачки места, при што – види мајката, сите 103% гласале за СДСМ, во албански села на падините на шар планина. Факинг Државотворно, нема што. А државотворноста се потврди со полнење на министерства со партиски кадар, по прецизно од 29.000 административци во 1994 до 85.000 1998, сите од една партија. 300% другари мои драги. 600 судии избрани во еден ден, во еден ден другари.

Со 120 гласа за! Тоа е демократија и државотворство нели. Со деинституционализирана опозиција во полу илегала. ТАТ да го спомнувам?

Приватизацијата – демократска слободна и мирна? Е тие луѓе драги мои, тие „избрани“ од виша сила ( не Господ јер атеисти) тие денес во скапите костуми ви се продаваат за демократи и од Грчка ви порачуваат дека се со вас. Тие истите. Тие кои со сите горенаведени предности, медиуми, ДИК, институции, судови, администрација на нивна страна, со фејк државјанства присила и пропаганда, нацицани пари како дебели вошки, со природно право да владеат – тие 1998-ма изгубија од ВМРО- ДПМНЕ во полуилегала и без скршен денар на сметка. Со кампања од автобус кој шеташе по селата а од него се вадеше бина искована од шперплоча и премачкана со црвена боја со четка, рачно. Затоа нека не ве лажат импотентните дека не им се дига поради друг.

Едноставно не ги бива. Овие политички фрустрирани евнуси сакаат само да ви ја проектираат сопствената безнадежност и апатија, безидејност и црна душа и да го пуштат нивниот гнев во вашиот крвоток. Да ве натераат да се подбивате со верата и празниците на другиот и да посакате да кренете рака едни на други. За тие да можат да ве „демократизираат“ преку „експертска“ ( ха,ха,ха) влада во која ќе бидат инсталирани спроти вашата воља.

Ние како народ имаме сила, можеме заедно да и стапнеме на вратот на оваа квазидемократска ламја. Да им ја честитаме 1994-та со зборовите – ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!

Пишува: Алекс Ванко

Филозоф, писател, аналитичар

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 07 мај 2016 02:12:00
Напишано од Ирина


Последни вести